Невреме предизвика доцнења и откажани летови на аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ во Лондон
Повеќе од 600 летови на аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ во Лондон доцнеа денеска, а десетици се откажани поради невреме проследено со грмотевици, што следеа по топлотниот бран.
Британската служба за контрола на воздушниот сообраќај соопшти дека се очекува прекините во воздушниот сообраќај да траат до крајот на денот, објави Би-Би-Си.
Според FlightAware, досега најмалку 367 летови се одложени на „Хитроу“ и 352 на „Гетвик“, а некои летови доцнат и до шест часа.