Луксуз низ ретро италијански очила: Скопје една вечер како Милано (галерија)

Италијанските брендови се познати во светот како симболи на стил. Всушност, италијанскиот се смета за јазик на модата, ѝ на македонски се вели мода


Скопје синоќа на луксузна модна ревија со избрани гости дишеше италијански моден воздух и гледаше луксуз низ ретро италијански очила кој засекогаш ги смени модните погледи во светот од сончевите ривиери, филмските сцени до модните писти.

Во Музејот на македонската борба за самостојност, во присуство на дипломатскиот кор на земјата, високи гости од германски Кемниц и словенечката Нова Горица, и публика од сите сфери на живеење, се славеше привлечноста на времето, уметноста, гламурот и италијанската мода. Не само со винтиџ модните додатоци кои многу кажуваат за нашата личност, туку и со уникатната облека, чанти, накит, амбиент исполнет со италијанска музика и шампањско, и со поставените џамбо постери низ Музејот на филмските икони Софија Лорен и Марчело Мастројани, кои беа вечни амбасадори на очилата за сонце.

Ја доживеавме модата која се среќава со наследството, заедно со внимателно избрани манекени и манекенки, совршено нашминкани и исферани, кои во бавен ритам ги промовираа очилата на исполираниот стил на 40-тите, преголемите силуети од 70-тите до елегантниот минимализам на 90-тите. 

Впечатоците од модното шоу, на крај, беа сумирани на изложбата на ретро очила кои чинат мало богатство, заштитени во витрините со обезбедување, како музејски експонати. 

Италијанската мода, стил на живеење и производи секогаш биле поврзувани со квалитет, со извонредност, квалитет и традиција. Италија е број 1° во светот по бројот на дизајнерски компании, а всушност дизајнот е во голема мера одговорен за успехот на нивната модна приказна.

Модната индустрија е срцето на брендот Made in Italy, термин кој се користи од 1980 година за да ја означи меѓународната уникатност на италијанските производи, особено во четирите главни индустрии, популарно познати како „Four F“: храна, мебел, Ферари (автомобилски) и токму Fashion.

Италијанските брендови се познати во светот како симболи на стил. Всушност, италијанскиот се смета за јазик на модата, ѝ на македонски се вели мода.

Моден викенд Скопје, под будното око на Света Богова- Јовановска и нејзиниот тим, синоќа, испишаа уште една успешна модна приказна во Скопје, која не става на мапата на европски модни центри, благодарејќи ѝ на партнерите: Очила: Dioptra, облека: Magnetik Group, Georgiya, Роберт Ивановски и Марија Роглева, накит:  ZIA jewelry и чанти: Patty B.  Стилист беше Томислав Орданов. 

Фото: Моден викенд-Скопје

Гордата сопственичка на „Диоптра“, Марија Костуранова
Италијанскиот амбасадор во Македонија, Паоло Палминтери, ги поздрави гостите во Музејот на македонската борба за самостојност