Објавени документи за истрагата за претседателските избори во САД


САД– Министерството за правда на САД објави преглед на сослушувањата и е-поштата вклучени во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводно руско мешање во претседателските избори во 2016 година, по судска одлука од спор со Си-Ен-Ен и со „БузФид Њуз“. Објавените документи на 500 страници вклучуваат разговори со Рик Гејтс, поранешниот заменик за изборната […]

ЕУ основа тело за сузбивање на перење пари


Белгија– Европската унија ќе формира централно тело за борба против активности на перење пари, по низата скандали со висок профил, кои укажаа на слабостите на Европа во спречувањето на протокот на „валкани пари“ преку нејзините банки. Министрите за финансии на блокот се очекува официјално да ја овластат Европската комисија да даде препораки за ново „независно“ […]

Руската црква го прекинува дијалогот со поглаварот на грчката црква


Руската православна црква објави дека го прекинува екуменскиот дијалог со архиепископот на Атина и цела Грција, Јероним, рече митрополитот Иларион, раководител на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија. Во врска со тоа, како што објасни Иларион, рускиот патријарх Кирил нема да го спомене името на архиепископот на Атина за време на неговата служба. […]

Бугарија со протестна нота до Франција поради изјава на Макрон


Бугарија денеска испрати протестна нота до Франција во врска со изјавата на претседателот Емануел Макрон за францускиот неделник „Валеус актиел“ во која се споменуваат „бугарски илегални филијали“, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи. „Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, побара од бугарскиот амбасадор во Франција, Ангела Чолаков, да испрати протестна нота до француското Министерство […]

Старџен: Независноста на Шкотска е „на дофат“


Шкотската прва министерка, Никола Старџен, пред илјадници приврзаници во Глазгов, побара нов референдум за независност, посочувајќи дека независноста на Шкотска е „на дофат“. – Изборите на 12 декември се најважни за Шкотска во нашата епоха. Иднината на нашата земја е во прашање – рече лидерката на Шкотската национална партија. Таа нагласи дека изгледите за независна […]

Демонстрантите во Хонг Конг упаднаа во кинеската новинска агенција Синхуа


Антивладини демонстранти во Хонг Конг денеска ги нападнаа канцелариите на  официјалната кинеска новинска агенција Синхуа, при што полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите. Цел на демонстрантите за првпат во месеци протести беше зградата на кинеската новинска агенција Синхуа во Хонг Конг, каде демонстрантите кршеа врати и прозорци. Тие запалија оган и на ѕидот […]

Русија ќе го гаси интернетот


Русија – Руските власти обезбедија правни можности за гасење на интернетот во земјата, откако, со потпис од претседателот Владимир Путин, контроверзниот закон стапи во сила. Руската влада планира да создаде инфраструктура за „суверен“ интернет, што го претстави како неопходност за одбрана против надворешни кибер-напади. Руските медиуми уште завчера јавија дека владата се подготвува повторно да ја […]

Меркел најави еколошко партнерство со Индија


Индија – Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека нејзината земја во наредните пет години, во рамки на новото германско-индиско партнерство, ќе потроши една милијарда евра за проекти за зелена урбана мобилност. Меркел, која е во придружба на деловна делегација, започна разговори со индискиот премиер Нарендра Моди, кои ќе се фокусираат на трговијата, инвестициите, регионалната безбедност […]

Чад Волф нов вд министер за внатрешна безбедност на САД


САД– Американскиот претседател Доналд Трамп го именува Чад Волф за вршител на должноста министер за внатрешна безбедност на САД. Волф ќе биде петти раководител на тоа министерство во администрацијата на Трамп. Одговарајќи на новинарско прашање дали Волф ќе биде следниот министер, Трамп рече: „Тој веќе тоа го работи, ќе видиме што ќе се случи“. Портпаролот […]

Британска полиција: Сите жртви од камионот се Виетнамци


Англија – Сите 39 лица кои минатата недела беа пронајдени мртви во камион ладилник во Есекс се Виетнамци, соопшти британската полиција. – Во овој момент, ние веруваме дека сите жртви се со виетнамска националност и ние сме во контакт со виетнамската Влада“, рече полицискиот службеник на Есекс, Тим Смит. Тој додаде дека британската полиција е во […]

Над еден милион луѓе погодени од поплавите во Источна Африка


Повеќе од еден милион луѓе во источниот дел на Африка се погодени од поплавите предизвикани од обилните дождови, соопшти Меѓународниот комитет за спас (ИРЦ). Делови од Источна Африка се справуваат со тропската бура Киар, која би можела да ја влоши и онака тешката хуманитарна ситуација. ИРЦ наведе дека голем број на луѓе се уште се […]

Уште две жртви на забава за Ноќ на вештерките во Јута


Две лица се убиени на една забава организирана по повод Ноќ на вештерките во градот Рузвелт во американската држава Јута, соопштија локалните власти, кои злосторството го сметаат за двојно убиство. Претходно е соопштено дека бил извршен напад и на забава за Ноќ на Вештерките во Калифорнија, каде што се убиени најмалку четири лица, а други […]

Мадрид ќе биде домаќин на глобалниот климатски самит на ОН


Глобалниот климатски самит на ОН следниот месец ќе се одржи во Мадрид, откако претходниот домаќин Чиле се откажа поради протестите во таа јужноамериканска земја. Генералната секретарка на ОН за климатски промени, Патрисија Еспиноза изјави денеска дека е прифатена понудата на Шпанија да биде домаќин на годишната конференција од 2 до 13 декември. Чилеанскиот претседател Себастијан […]

Уапсено уште едно лице поврзано со смртта на мигрантите во Велика Британија


Уште едно лице обвинето за убиство од небрежност поради смртта на 39 луѓе во камион во близина на Лондон е уапсено, соопшти денеска британската полиција. Исто така, британската полиција упати апел до двајцата браќа кои се вмешани во случајот да се предадат. Наводниот возач на камионот, Емон Харисон (23) од Северна Ирска веќе е обвинет […]

Меркел критикувана поради намаленото присуство во медиумите


Германската канцеларка Ангела Меркел се почесто е критикувана поради нејзиното намалено присуство во медиумите, потврдуваат статистички податоци. Според германските медиуми, канцеларката минатата година значително помалку излегуваше пред новинарите. Берлински „Тагешпигел“, повикувајќи се на статистички податоци од информативната служба на канцеларката, пишува дека таа минатата година дала 22 интервјуа за германските медиуми. Во споредба со претходните […]

Руските власти обезбедија правни можности за гасење на Интернетот во земјата


Руските власти обезбедија правни можности за гасење на Интернетот во земјата, откако, со потпис од Путин, контроверзниот закон стапи во сила. Руската Влада планира да создаде инфраструктура за „суверен“ интернет, што го претстави како неопходност за одбрана против надворешни кибер напади. Руските медиуми уште завчера јавија дека Владата се подготвува повторно да ја тестира сопствената […]

Отстранета последната пречка за рускиот гасовод во Балтичкото Море


Данска во средата даде дозвола за гасоводот „Северен поток 2“ отстранувајќи ја последната голема пречка за да се заврши проектот предводен од Русија, за кој има поделено мислење во ЕУ. Данската дозвола беше последната што беше потребна за гасоводот долг 1.230 километри од Русија до Германија. Соединетите Држави и неколку источноевропски, нордиски и балтички земји […]

Лавров: Курдското прашање не смее да ги влоши тензиите во регионот


Курдското прашање во Сирија не смее да ги влоши тензиите во регионот, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој во интервју за телевизијата „Русија 24“ рече дека Курдите живеат во Иран, Ирак и Турција и дека никој не сака тој регион да експлодира поради тензиите околу курдскиот проблем, како и дека никој […]

Шест лица повредени во пукање во Марсеј


Шест лица се повредени во пукање што се случило во еден бар во Марсеј, соопшти денеска локалната полиција. Пукањето се случило околу 21:30 часот во барот „Терминус“ во 15-от арондисман, кога вооружен напаѓач на мотор стигнал до барот и отворил оган, а потоа избегал. Еден од шестмината повредени е во критична состојба. Локалните медиуми шпекулираат […]

Судот во Стразбур донесе пресуда поради лоши услови во затворот во Загреб


Европскиот суд за човекови права донесе пресуда со која се утврдува дека се несоодветни условите на затворениците во затворот во Загреб, кои достигнале ниво на „понижувачки третман“. Судот во Стразбур заклучи дека поднесувачот на тужбата Душан Улемек во одредени периоди од издржувањето на казната имал на располагање помалку од три „квадрати“ личен простор. Тие, исто […]