И Шведска го смени ставот кон корона вирусот


Дојде време кога во животот треба да направите жртви, рече во телевизиското обраќање до нацијата премиерот Стефан Левен

Стокхолм – Шведскиот премиер Стефан Левен во ретко телевизиско обраќање во живо до нацијата во неделата вечерта ги повика сите Швеѓани да ја одиграат својата улога во запирањето на ширењето на корона вирусот.

Шведска во неделата имаше 1.906 потврдени случаи на респираторната болест – или 17 на 100.000 граѓани – и 21 смрт.

„Сите ние сега имаме голема индивидуална одговорност“, рече Левен. „Има неколку неколку одлучувачки моменти во животот кога мора да направите жртви, не само за своја корист, туку и да ја преземете одговорноста за оние околу вас, за вашите сограѓани и за нашата земја. Тој момент е сега. Дојде тој ден“.

Бројот на пациенти кои се наоѓаат на интензивна нега значително се зголеми во Стокхолм изминатите денови, а здравствените работници изразија загриженост поради недостигот на персонал и порачаа дека постои ризик од недостаток на некои заштитни средства за вработените.

„Секој мора да си го стори својот дел и тоа важи и за вас кои сте над 70 години или дел од друга ризична група. Јас разбирам дека е фрустрирачки што мора да го ограничите вашиот живот, вашите социјални интеракции“, рече социјалдемократот Левен.

„Но, сега е неопходно – за своето здравје, се разбира, но и да ги заштити другите и да дозволи здравствените власти да се справат со ситуацијата“.

Шведска ги затвори средните училишта и универзитетите и забрани јавни собири над 500 луѓе, а властите препорачаа луѓето над 70 години да го ограничат контактот со другите. (Ројтерс)