Француски лекар почина од корона вирус


Mинистерот за здравство Оливие Веран денеска соопшти дека починал првиот лекар во Франција од корoна вирусот.

Министерот му оддаде почит на целиот медицински персонал од првите редови и ги повика другите работници да ги одржуваат основните услуги и покрај тоа што целата држава е заклучена. „Медицинската професија денес прави голема жртва во нашата земја“, рече Веран за телевизијата ЛЦИ.

Лекарот кој починал бил специјалист за итни случаи, кој работел во болница во Компањ, северно од Париз, објави јавната телевизија, повикувајќи се на објавата на Фејсбук од едно од неговите деца. „Бараме граѓаните да продолжат да се мобилизираат за да ја одржат работата на нашата економија“, рече Веран. „Не заради економските цели или буџети, туку затоа што врскаta што недостасува може да го урне целиот производствен систем“.

Бројот на загинати во Франција се зголеми за 112 во саботата и сега изнесува 562, според податоците на Министерството за здравство, додека бројот на потврдени случаи се зголеми за 15 отсто за последните 24 часа и сега e 14.459.