Продолжуваат црните денови за Италија: Денеска 651 починат од корона вирус


Во Италија денеска како последица од корона вирусот починаа 651 лице, а вкупниот број починати во таа земја сега изнесува 5.476.

Бројот на нови заразени изнесува 5.560, а вкупно заразени се повеќе од 59 илјади, од кои 46 илјади се активни случаи.

Во Италија од Ковид 19 заболеа вкупно 59.138 лица, односно бројот на новозаболени порасна за 10,4 отсто, што е најмал пораст откако почна болеста на 21 февруари, пренесе Ројтерс.

До сега оздравеа 7.024 лица, а на интензивна нега се уште 3.009 лица.

Најпогоден е регионот Ломбардија, каде се забележани 3.456 смртни случаи, а 27.206 се заразени.

Саботата беше најцрн ден за Италија кога од корона вирус во оваа медитеранска земја починаа 793 лица.