Шпанија бара Маршалов план на ЕУ за корона вирусот


Премиерот на Шпанија Педро Санчез ја повика Европската Унија да го искористи сопствениот „Маршалов план“, опишувајќи ја програмата за јавни инвестиции способна да се спротивстави на длабокиот економски удар од кризата.

Шпанија стана една од најтешко погодените во Европа, при што бројот на починатитесе искачи на 1.720. Земјата има 28.572 потврдени случаи – број за кој се очекува да порасне во наредните денови.

Властите предупредуваат дека најлошото допрва треба да се случи. „Ние сме во критичен момент, деновите што следат ќе бидат тешки“, рече премиерот Педро Санчез во телевизиското обраќање во саботата. „Мораме да се подготвиме психолошки и емоционално“.

Околу 12 отсто – или 3.475 од потврдените случаи – се лекари, медицински сестри и други во првите редови на битката со корона вирусот, рече шефот на здравствениот центар во Шпанија, Фернандо Симон, во неделата. Претходно оваа недела Шпанија го загуби својот прв здравствен работник од вирусот: 52-годишна медицинска сестра од регионот Баскија.

Бидејќи владата се обидува да го запре вирусот, наметната е речиси целосна блокада за жителите и од нив е побарано да останат во нивните домови освен за основните патувања. Санчез во неделата рече дека ќе се обиде да ги продолжи итните мерки до 11 април.

Тој, исто така, најави дополнителни мерки, вклучително и 30-дневно ограничување за патниците кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ, освен за оние што мора да патуваат. Исто така, на регионалните влади ќе им се даде моќ да ја преземат контролата врз домовите за приватна грижа, во услови на загриженост дека непроверуваното ширење на вирусот во установите за нега може да биде поврзано со смртта на најмалку 100 луѓе.

Додека земјата се бори да го задржи вирусот, многумина се грижат за економското влијание што ќе го има врз земјата каде стапката на невработеност веќе се рангира меѓу највисоките во индустријализираниот свет.

Санчез повика на план ширум ЕУ, чија цел е да се реафирмираат економиите на земјите-членки. „Треба да го артикулираме големиот Маршалов план за реконструкција “, рече тој.

„Европа е во војна против коронавирусот. И ние мора да одговориме со сето наше оружје, со сите наши алатки“. (Гардијан)