(Фото) Сред епидемијата од корона вирус, нов шок: Ова се сцените по серијата силни земјотреси во Загреб


Во ек на епидемијата од корона вирусот, Загреб утрово доживеа уште еден шок – беше погоден од силен земјотрес од 5,3 степени по Рихтер. Граѓаните кои веќе екстремно загрижени поради пандемијата со Ковид 19, дополнително се вознемирија од земјотресот регистриран во близина на хрватскиот главен град. Ова се фотографии и видеа што ги објавија медиумите.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на само 7 километри од Загреб и на длабочина од 10 километри. Според картата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на овој земјотрес е веднаш под Медведница.

Со оглед на тоа што во Хрватска се воведени строги мерки за заштита од епидемија на корона вирус и граѓаните веќе се доволно загрижени за тоа, овој земјотрес создаде дополнителни немири.

https://www.facebook.com/TheBSTravelers/posts/2601719340063086#

Според првите достапни информации, за среќа нема повредени, освен едно 15 годишно девојче, но материјалната штета е голема.

Се очекува реакција на Националниот кризен штаб, кому овој земјотрес сигурно ги поткопа напорите за да се спречи ширењето на епидемијата во Загреб, пишуваат хрватските медиуми.