Руската војска пристигнува во помош на Италија


Руската војска ќе испрати медицинска помош во Италија во борба против корона вирусот по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека од денес воените транспортни авиони ќе пристигнат во Италија со осум екипи воени лекари, специјални возила за дезинфекција и друга воена опрема.

Путин синоќа разговарал со италијанскиот премиер Џузепе Конте, соопшти Кремљ.

Рускиот претседател му понуди на италијанскиот премиер помош и поддршка во форма на мобилни возила за дезинфекција, како и експерти за помош на најтешко погодените региони.

Во Италија, починаа скоро 800 луѓе во текот на вчерашниот ден, со што вкупниот број на смртни случаи достигна скоро 5.000.

Во Русија досега се пријавени 306 случаи на корона вирус, претежно во Москва, додека едно лице починало.