Ангела Меркел во карантин по средба со лекар заразен од корона вирус


Германската канцеларка Ангела Меркел е ставенa во карантин откако се сретнала со лекар, кој подоцна бил тестиран позитивно на корона вирусот. Ова го потврди нејзиниот портарол во изјава за агенцијата ДПА.

Меркел беше известена по прес-конференцијата во неделата дека лекарот што во петокот администрирал пнеумококна вакцина за неа бил тестиран позитивно на вирусот, изјави портпаролот на германската влада Штефан Зајберт.

Меркел реши веднаш да остане во карантин во својот дом, рече Зајберт. Таа редовно ќе се тестира во текот на следните денови и ќе продолжи да ги извршува своите должности како канцелар од дома.

Одлуката на Меркел за самокарантин доаѓа откако пандемијата на коронавирус продолжува да ескалира низ Европа, вклучително и во Германија.

Германија, најголемата економија на Европската Унија, забрани средби на повеќе од две лица во јавноста за следните две недели за да го запре ширењето на вирусот. Исклучоци ќе бидат направени за луѓе кои живеат заедно и мора да се собираат поради работа.