Почнува европско клиничко испитување со хлорокин или хлорокинин против коронавирусот


Во Франција почна европско клиничко испитување за проценка на четири експериментални третмани за борба против корона вирусот, соопшти денеска Националниот институт за здравство и медицински истражувања (Инсерм), јави дописникот на МИА.

Третманот е наречен „Дискавери“ и во него има  хлорокин или хлорокинин, што е третман против маларија, со кој се добиени ветувачки резултати во борбата против корона вирусот. Ова посебно за време на студијата спроведена врз помал број на пациенти во Марсеј.

Тестирањето го спроведува професорот Раулт, директор на Болничкиот универзитетски институт Медитеран Инфекција во Марсеј. За шест дена, професорот инјектирал дваесетина пациенти со „Ковид-19“ со доза од 600 мг дневно на Плакенил (името на лекот што се продава на молекула добиено од хлорекин).

-Спектакуларно е, просечното оптоварување на вирусот се нормализира за 20 дена. […] Пациентите кои не го добиле Плакенил, после шест дена сè уште носат 90 отсто од вирусот, додека оние кои добиле третманот се 25 отсто позитивни, објасни докторот на 16 март 2020 година. Тој заедно со хлоракинот користел и третман со азитромицинза да се избегнат секундарни бактериски инфекции ”.

Покрај во Франција во Марсеј,  слични студии  биле  спроведени  во Кина, Иран, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.

Клиничкото тестирање што ќе почне  „има за цел да ја анализира ефикасноста и толеранцијата на терапевтски опции за пациенти во ограничено време“, објаснува Инсерм во соопштението за печатот.

Покрај хлорокин, со тестот се оценува и ремдесивир, лопинавир во комбинација со ритонавир, додека последниот третман е или не е комбиниран со интерферон бета.

Во францускиот дел на тестовите, ќе бидат  вклучени најмалку 800 пациенти со тешки форми на корона вирус. Вкупно ќе бидат опфатени 3.200  пациенти во Европа, поточно во Белгија, Холандија, Луксембург, Велика Британија, Германија и Шпанија.

Добиените податоци ќе бидат споделени со уште едно меѓународно тестирање под името „Солидарност“, што ќе се спроведе под покровителство на Светската здравствена организација.

Клиничкото тестирање доаѓа кога се повеќе и повеќе се бара хлорокинот да се користи за борба против корона вирусот, министерот за здравство на Франција повика на претпазливост, потсетувајќи дека надежите побудени од некои третмани понекогаш биле разочарувачки.

Ако овој третман е ефикасен, ние ќе им го понудиме на Французите без одлагање“, рече Оливие Веран на ЛЦИ, додавајќи дека неколку пациенти третирани во француските болници експериментирале со тоа.

Според него, во рок од 15 дена  треба да има консолидирани податоци за резултатите од тестирањето.