Полска не се откажува – ќе оди на избори


Анджеј Дуда како корона кандидат. Опозицијата ги откажа митинзите, но тој не (Фото: ЕПА)

Претседателските избори се закажани на 10 мај. Претседателот на државата, Анджеј Дуда, кој е повторно кандидат оди во кампања низ земјата, иако се забранети собирите на повеќе од 5о луѓе

 

Полска продолжува со подготовките и не се откажува од дополнителните избори в недела и ги потврди плановите за одржување на претседателските избори на 10 мај, додека се зголемува притисокот на јавноста да се откаже гласањето среде пандемијата на корона вирусот.

„Мора да го подготвиме тоа. Тоа е законот во нашата земја – ништо не се смени“, рече Томаш Грзелевски, портпарол на Националната изборна комисија. „Ако има одлука од претседателот за воведување вонредна состојба, тогаш ќе се однесувавме поинаку“.

Полска ги затвори училиштата, кината и театрите, а ги ограничи јавните собири на не повеќе од 50 лица. Државата ги затвори своите граници со странците и воведе „состојба на епидемија“.

Земјата има 627 потврдени случаи на коронавирус и седум смртни случаи до денеска.

Но и покрај повиците на опозициските критичари и кандидатите да се одложат претседателските избори, владата вели дека нема да ги откаже, бидејќи може да го стори тоа само доколку се воведе вонредна состојба.

Претходно овој месец, одѕивот на гласачите беше во мал број на локалните избори во Франција, откако владата воведе строги ограничувања на јавниот живот. Вториот круг од изборите беше одложен.

Грзелевски рече дека биле преземени заштитни мерки за гласањето на дополнителните избори биде непречено. Лицата на избирачките места ќе имаат маски, гел за дезинфекција и нараквици за избирачите да ги користат. На гласачите ќе им бидат дадени и пенкала за еднократна употреба.

Полскиот претседател Анджеј Дуда не се држи многу на социјална дистанца меѓу себе и неговите потенцијални гласачи. Дуда последниве денови беше во кампања низ целата земја, во посета на болница, граничен пункт и фабрика во сопственост на државно контролиранат рафинерија „Орлен“, кој сега се користи за производство на течност за дезинфекција на рацете.

Кабинетот на претседателот вели дека сето ова е дел од работата на шефот на државата во земја во криза поради епидемијата на корона вирус, но ривалите на Дуда го обвинуваат дека спроведува неправедна политичка кампања пред претседателските избори на 10 мај.

Кандидатите за претседател од опозицијата ги откажаа митинзите, а еден од нив, независниот Шимон Холовнија, ја прекина неговата кампања. Тешките ограничувања за корона вирусот во Полска, кои забрануваат јавни собири на повеќе од 50 лица, го прават речиси невозможно спроведувањето нормална политика.

Но, засега, Дуда не планира да запре.

Дуда, кој го освои својот прв мандат пред пет години со поддршка на владејачката националистичка партија Право и правда (ПиС), е далеку напред во анкетите на јавното мислење. Во истражувањето спроведено оваа недела тој имаше поддршка од 46,4 проценти, далеку пред неговиот најблизок ривал, Малгоржата Кидава-Блонска од центристичката Граѓанска коалиција, со 20,4 проценти. Другите четири официјални кандидати се далеку зад нив.

Ако Дуда добие над 50 проценти, тоа би значело победа уште во првиот круг наместо да оди во втората рунда со второпласираниот кандидат на 24 мај – и неговите поддржувачи го повикуваат да не ги одложува изборите.

Опозицијата има многу поплаки.

„Нема претседателска кампања и изборите се приближуваат“, рече Роберт Биедрон, левичарскиот претседателски кандидат. „Претседателот е во привилегирана позиција“, рече тој, додавајќи: „Денес изборите не би биле фер“.

Опозиционите партии се жалат дека и покрај тоа што митинзите во кампањите се прекинати, Дуда добива многу покриеност додека патува низ целата земја, проверувајќи ги подготовките за корона вирусот и доминира во владините програми. Во средата, тој и премиерот Матеуш Моравјецки заеднички објавија „антикоронавирусен штит“ во вредност од 212 милијарди злоти (47 милијарди евра) во економска помош за помош од последиците од пандемијата.

Дуда исто така добива огромно поттикнување од државните медиуми, кои станаа пропагандна рака на владејачката партија. Во февруари, државната телевизија им посвети 17 часа од програмите на Дуда (како кандидат и како претседател), 30 минути на Кидава-Блонска и само 44 секунди на Биедрон.

„Денес, претседателот Анджеј Дуда треба да биде одговорен политичар и да даде добар пример, наместо да патува наоколу во посети што немаат никаква врска со неговите претседателски одговорности“, рече Борис Будка, водачот на Граѓанската коалиција, пред новинарите во средата. „Денес, претседателот Анджеј Дуда е единствениот вклучен во изборна кампања“.

Но, Дуда презема ризик.

Сега за сега тој плива на бранот поддршка, бидејќи загрижените Полјаци се обраќаат до владата за помош во страшно време. Но, ако пандемијата се влоши, мислењето може да се промени. (Според агенциите)