Откриена уште една компликација од корона вирусот и зошто респираторите не се делотворни


Откако поминал речиси три недели на одделението за интензивна нега за лекување од корона вирус, лекарите на американскиот актер Ник Кородер мораа да му ја ампутираат десната нога. Крвотокот на 41-годишниот актер го спречувало згрутчување, а тоа е уште една опасна компликација на болеста која го зафати цел свет. Згрутчувањата од различни причини се честа […]

Унгарски новинари се жалат на цензура


Државните органи одговараат само на избрани прашања од избрани новинари, а лекарите се плашат да зборуваат поради страв од казна, изјавија опозициски новинари од Унгарија во истражување спроведено во земјата. Приврзаниците на унгарската владејачка партија ги сметаат ваквите тврдења како „исполитизирани“, објави Би Би Си. Невладината организација Унгарска унија за граѓански слободи (ТАСЗ), откако овој […]

Борис Џонсон стана татко по шести пат


Англија– Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс денеска добија син. Портпаролката на двојката истакна дека мајката и бебето се чувствуваат одлично. – Премиерот и неговата партнерка Симондс со восхит го објавуваат раѓањето на здраво момче рано изутринава во болница во Лондон, изјави портпаролката, додавајќи дека тие му заблагодаруваат на „прекрасниот медицински персонал“. […]

Земјотрес од 6,6 степени по Рихтер ја погоди Куба


Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска Куба. Епицентарот на земјотресот беше на 48 километри југоисточно од регионот Баракоа, на длабочина од два километра. Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Мицотакис: Парламентот ќе работи цело лето


Атина – Парламентот оваа година нема да ја прекине работата за летната сесија и од сега до 31 јули имаме 26 закони што требаше да се донесат, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, објаснувајќи им на министрите дека до крајот на јули, е особено набиена законодавната агенда. Во однос на олабавувањето […]

Четири лица повредени во напад со нож во германското гратче Ханау


Група мажи синоќа повредија со нож четворица минувачи во германскиот град Ханау, по што побегале. Првичните извештаи покажуваат дека пет или шест мажи нападнале минувачи во центарот на гратчето, кое се наоѓа во близина на Франкфурт на Мајна. Четворицата повредени мажи, на возраст меѓу 17 и 26 години, се пренесени в болница, но не се […]

Хероите кои не издржаа – се самоубија двајца лекари во САД


Двајца здравствени работници се самоубија во текот на викендот во Њујорк, што ги потврдува студиите кои навестуваа пораст на стапката на самоубиства меѓу медицинскиот персонал. Студиите претпоставуваа дека ќе порасне стапката на самоубиства како резултат на тешките услови за работа во текот на пандемијата од корона вирус. Џон Мондело (23) се самоуби со татковиот пиштол […]

Германците се Германци и во време на корона вирусот


Другите земји гледаат кон Берлин за начинот на кој се справува со пандемијата. Но не може сите да бидат Германци   Берлин – Никогаш никој не ги обвинил Германците за скромност. Без разлика дали предметот е das Auto, пиво или нудистичко сончање, Германците се гордеат со тоа што знаат дека се понапред од  остатокот од […]

Ако не запре уништувањето на природата ќе има уште полоши пандемии


Пандемијата на корона вирусот, најверојатно, ќе продолжи со уште посмртоносни и подеструктивни  болести, освен ако причините за нив  – неконтролираното уништување на природниот свет – не запре брзо, предупредуваат водечките светски експерти за биодиверзитет. „Постои еден животински вид одговорен за пандемијата Ковид-19 –  ние“, рекоа тие. Според нив, неодамнешните пандемии се директна последица на човековата […]

Маските за лица ќе станат задолжителни во Европскиот парламент


Европскиот парламент ќе го направи задолжително носењето маски за лице за европратениците и персоналот и да ја проверат нивната температура пред да влезат во неговите згради. Мерките се дел од планот за ублажување на ограничувањата на корона вирусот, подготвен од Клаус Веле, генерален секретар на парламентот. Плановите беа испратени до високи европратеници на 22 април […]

Мајката на Џастин Трудо во болница по пожар на терасата


Мајката на канадскиот премиер Џастин Трудо, Маргарет, пренесена е во болница во понеделникот откако избил пожар на нејзината тераса во станот во Монтреал. Од итната помош рекле дека примиле повик и информација дека жена на возраст од 70-тина години била изложена на вдишување чад и дека веројатно има изгореници. Околу 70 пожарникари биле викнати за […]

Германците да останат дома – корона вирусот повторно забрзано се шири


На жителите на Германија им се советува да останат дома и да се придржуваат до социјалната дистанца затоа што официјалните податоци укажуваат на повторно забрзано ширење на епидемијата од корона вирус. Бројот кој покажува на колку луѓе во просек едно заразено лице го пренесува вирусот се смета за клучен показател дали има простор да се […]

Шпанија се надева на враќање во нормалата на крајот од јуни


Шпанскиот план за укинување на ограничувањата треба да се одвива во четири фази   Мадрид – Шпанија во вторникот објави четирифазен план за укинување на едно од најтешките блокирања од корона вирусот во Европа и враќање на нормалноста до крајот на јуни, бидејќи дневната бројка на смртни случаи падна на 301, што е помалку од […]

Ким Џонг Ун се криел од короната?


Висок официјален претставник на Јужна Кореја смета дека лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун ја пропуштил прославата на роденденот на неговиот дедо на 15 април поради пандемијата на коронавирус, а не затоа што бил болен. И покрај гласините во врска со здравјето на Ким, неговото отсуство од одредени настани може да произлезе од чекорите […]

Инвестициите во италијанското здравство на најниско ниво од 90-тите


Инвестициите во здравствениот сектор во Италија се на најниско ниво од 90-те години, објави денеска италијанскиот Национален институт за статистика (ИСТАТ). Трошоците за здравство во 2019 година беа 22,7 проценти од вкупното трошење на јавниот сектор. Здравството и пензиите сочинуваа 59 отсто од јавната потрошувачка во 2019 година, додаде ИСТАТ. Тоа ја чинело Италија вкупно […]

Русија гради мега катедрала со мозаици на Путин и Сталин


Русија е близу до завршување на изградбата на новата руска православна катедрала посветена на вооружените сили на земјата.Соборната катедрала од 95 метри, сместена во широк воен тематски парк и изложбен центар во близина на Москва, треба да ги отвори своите врати на 9 мај за да ја одбележи 75-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над […]

Може да се заразат и милијарда луѓе, а три милиони да починат


Со корона вирус во светот може да се заразат милијарда луѓе ако итно не им се помогне на ранливите држави, објави хуманитарната организација ИРЦ, пренесе Би-би-си. Меѓународниот одбор за спасување ИРЦ предупредува дека за успорување на ширењето на вирусот потребна е хуманитарна и финансиска помош. Организацијата тврди дека на „ранливите држави“ како Авганистан и Сирија […]

Повеќе од 200.000 заболени во Италија, мал пораст на смртните случаи


Вкупниот број заразени од корона вирус во Италија ја надмина бројката од 200.000, соопштија надлежните денеска. Во последните 24 часа потврдени се уште 2.091 новозаразени, а вкупниот број се искачи на 201.505, пренесе Ројтерс. Забележан е и зголемен број смртни случаи – 382, што е за околу 50 повеќе од вчера, додека вкупниот број на […]

Франција ја продолжува вонредната состојба до 23 јули


Францускиот премиер Едуар Филип рече дека во парламентот ќе испрати закон со кој вонреднара состојба би се продолжила до 23 јули/ Со тоа на владата ѝ се овозможува да ја ограничи слободата на движење, работата на продавниците и собирањето, пренесува Ројтерс. Филип рече и дека карантинот, воведен кон средината на март, ќе биде укинат на […]

Луксембург сака да ги тестира сите жители на корона вирус


Луксембург почнува тестови за коронавирус со кои сака да го опфати целото население, мерка што ќе оди заедно со рестриктивните ограничувања, рече денеска министерот за истражување, Клод Меиш. Тестовите ќе бидат доброволни и ќе можат да се тестираат и оние што живеат преку границата во Германија, Франција и Белгија кои доаѓаат да работат во Луксембург. […]