Франција на избори без консензус за датумот

French President Emmanuel Macron is seen on a television screen as he speaks during a televised address to the nation on the outbreak of COVID-19, caused by the novel coronavirus, on March 16, 2020, in Paris. - The French president addresses the nation, with many expecting him to unveil more strict home confinement rules in a bid to prevent the virus from spreading. France has closed down all schools, theatres, cinemas and a range of shops, with only those selling food and other essential items allowed to remain open. The balance sheet of the epidemic climbed to 127 dead and 5,423 confirmed cases in France. (Photo by Ludovic Marin / AFP)

Францускиот премиер Едуар Филип и министерот за внатрешни работи Кристоф Касатенр, на заедничка прес-конференција, соопштија дека вториот круг на општинските избори ќе биде организиран на 28 јуни.

По консултаците со политичките групи и лидерите на политичките партии, Филип призна дека за датумот за 28 јуни немало консензус, бидејќи едни сметаат дека изборите треба да се организираат во јуни, додека други се за подоцна.Извештајот на Владата ќе биде доставен до Парламентот, а потоа декретот ќе го донесе претседателот Емануел Макрон.

На почетокот на неделата, Научниот совет – тело кое ја советува француската Влада за справување со епидемијата на коронавирусот, го објави своето мислење, во кое посочи дека не е „против“ одржувањето на вториот круг на општинските избори да се одржат во јуни.

Сепак, Советот прецизира дека „ќе биде неопходна нова здравствена проценка, 15 дена пред вториот круг“ пред да се официјализира одржувањето на изборите, со давање препораки за безбедносно-санитарно организирање на изборите.
Вториот круг на општинските избори, ако здравствените услови го дозволат, ќе се одржи во 4.816 општини, вклучувајќи ги Париз, Лион или Марсеј. Во 30.143 други општини во Франција општинските совети беа избрани во првиот круг и во овие градови тие ќе бидат инсталирани најдоцна до четврток, 28 мај.

Ако здравствените услови не го дозволат одржувањето на вториот круг на 28 јуни, изборите ќе бидат повторени во јануари 2021 година.