Двајца го преживеале паѓањето на авионот во Пакистан

epa08437583 Rescue workers search for the bodies or survivors amid wreckage of the passenger plane of state run Pakistan International Airlines, after it crashed on a residential colony, in Karachi, Pakistan, 22 May 2020. A Pakistan International Airlines passenger flight with over 100 people on board crashed on 22 May as it was about to land near a residential area close to the airport in the port city of Karachi, a civil aviation official said. EPA-EFE/SHAHZAIB AKBER

Две лица го преживеаја уривањето на патничкиот авион во Пакистан, соопштија денеска локалните власти.

Иако претходно беше соопштено дека нема преживеани во авионот со 98 патници и екипаж, подоцна е соопштено дека две лица го преживеале падот на авионот, кој се урна во населена област во Карачи.

Во првите извештаи беше посочено дека во авионот имало 107 патници и членови на екипажот, но подоцна е прецизирано дека имало 91 патник и седум членови на екипажот.

Градоначалникот на Карачи, Васим Ахтар изјави дека се уништени неколку куќи во падот на авионот на пакистанската авиокомпанија ПИА (Пакистан интернешенел ерлајнс). Засега не е познато дали некој загинал во тие куќи.

Авионот летал од градот Лахоре до Меѓународниот аеродром Џинах во Карачи, еден од најпрометните аеродроми во Пакистан.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пилотот дал тревога откако авионот останал без еден мотор.

Несреќата се случи неколку дена откако Пакистан ги обнови комерцијалните летови во земјата. Тие врски беа прекинати повеќе од еден месец, како резултат на епидемијата на коронавирусот.