ЕУ ја повика Кина да ја почитува автономијата на Хонг Конг


Европската унија ја повика Кина да ја „почитува автономијата на Хонг Конг“ во декларација усвоена од 27 земји-членки по објавувањето на Пекинг на нацрт-закон за зачувување на националната безбедност на Хонг Конг.

„Европската унија придава големо значење на одржување високо ниво на автономија за Хонг Конг, во согласност со фундаменталниот закон и меѓународните обврски, како и со почитување на тој принцип“, нагласи шефот на европската дипломатија Жозеп Борел во декларацијата во име на ЕУ-27.

Во Кина на седница на Парламентот вчера беше поднесен предлог-закон за национална безбедност во Хонг Конг, град кој има статус на полуавтономија.

Тој потег на Кина следува по неколкумесечните продемократски протести минатата година, кои понекогаш беа насилни и судирите меѓу полицијата и демонстрантите, што е најголемата криза во градот, откако беше вратен на Кина во 1997 година, по децении британско колонијално владеење.

Предлог-законот, еден од најконтроверзните точки на агендата на Националниот народен Конгрес во последните години, предизвика силни критики од американската влада и организациите за човекови права, како и продемократските пратеници од Хонг Конг.