Руски истражувачи успешно на себе тестирале вакцина против Ковид-19

Руските истражувачи кои работат на вакцина против новиот коронавирус, развија имунитет на инфекцијата откако ја проверија на себеси.

– Научниците од Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ не работеа толку многу на тестирањето, колку што работеја на заштита за да можат да продолжат да работат, изјави директорот на тој центар, Александар Гинцбург, пренесе „Москва тајмс“.

– Сите се живи, здрави и среќни, рече Гинцбург на прашањето дали тие имаат несакани ефекти. – Сите што беа вклучени во развојот се заштитени, појасни тој.

Гинцбург не кажа колку луѓе ја примиле вакцината, која користи ослабен вирус за да испорача мали делови од патогенот и да поттикне имунолошкиот одговор. Тој изјави дека вакцината ја примиле широк спектар од оние кои работеле на вакцината, предклинички истражувачи и технолози.

Истражувачкиот центар ги чека резултатите од тестовите направени на мајмуни со цел да побара дозвола од Министерството за здравство да почне клинички испитувања врз луѓе, посочи Гинцбург.