Се урна авион со 90 патници во Пакистан

Патнички авион на „Пакистан Интернешанл Ерлајнс“, кој патувал од Лахоре до Карачи, се урна во близина на аеродромот во Карачи, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Портпаролот на пакистанската авиокомпанија, Абдул Сатар изјави за локалните медиуми дека во авионот „Ербас А-320“ се наоѓале 90 патници.

Според Агенцијата, патничкиот авион се урнал во населена област во близина на аеродромот во Карачи.