Најмногу жртви во еден ден во Русија од почетокот на епидемијата


Во Русија во последните 24 часа од последиците на корона вирусот починаа 150 лица, што е најголем број жртви во еден ден во земјата.

Вкупниот број жртви во Русија е 3.249. Новозаболени има 8.894, што е седми ден под 10.000, пренесе Тас.

Вкупно заразени до сега се 326.448, а според податоците на штабот за превентивни операции, дневниот пораст опадна од 2,9 на 2,8 отсто.