Се сврши принцот Филипос, најмалиот син на кралот Константин


Грција- Има голема дебела грчка кралска венчавка во тек! Принцот Филипос од Грција и Данска, најмалиот син на кралот Константин и кралицата Ана-Мари, се сврши со Нина Настасја Флохр. „Кралот на нивните величества Константин и кралицата Ана-Мари се воодушевени што ја објавија свршувачката на нивниот најмлад син принцот Филипос со Нина Настасја Флор, ќерка на […]

Додека паузира од музиката: Ед Ширан стана татко


Англија– Ед Ширан (29) и неговата сопруга Чери Сиборн, денеска, на 1 септември 2020 година, го добија своето прво дете. Поп-ѕвездата се пофали и на Инстаграм. Тој веднаш соопшти дека тие добиле ќерка и ја крстиле Лира Антарктика Сиборн Ширан. „Ние сме целосно вљубени во неа. Мама и бебето се справуваат одлично и сме многу […]

Нов албум на Давор Јордановски: Медитативната музика на „Арбор“ ќе ве однесе во некои други димензии


Новиот албум на македонскиот клавијатурист, кој долги години живее во Канада, Давор Јорданоски, веќе може да се слушне на радио брановите во Канада и Европа. Медитативната, опуштена енергија која Давор ни ја пренесува со „Арбор“ ќе ве однесе во некои други димензии. Оддавајќи почит кон великаните на клавијатури од 80-тите години на минатиот век, Вангелис […]

Леди Гага е кралица на маските: Од Ирис Ван Херпен до Валентино


САД-Поп-ѕвездата Леди Гага (34) никогаш не разочарува на црвениот килим и на настапите. Синоќа на доделувањето на видео-музичките награди на „Ем-ти-ви“ (на Интернет, проследено со претходно снимени настапи) Гага освен со освоени пет награди (меѓу кои и за песна на годината, уметник на годината и соработка на годината – за песната „Rain on Me) доминираше […]

Леди Гага доминираше на виртуелните Ем-Ти-Ви музички и видеонагради


САД– Леди Гага беше sвезда на годинешното, претежно виртуелно доделување на Ем-Ти-Ви музички и видеонагради (MTV Music Video Awards). Таа освои пет награди, меѓу кои и за песна на годината, уметник на годината и соработка на годината – за песната „Rain on Me“. Хитот е направен заедно со Аријана Гранде, а сега Леди Гага првпат […]

Адел во бикини со знаме на Јамајка и афро-фризура: Културно присвојување или почитување


Англија- Адел (32) се соочува со реакции во јавноста за бикинито и фризурата што ги носеше на објавата на Инстаграм по повод откажаните прослави на карневалот во Нотинг Хил. Вчера, британската поп-ѕвезда, сподели фотографија во знак на почит кон карневалот Нотинг Хил, кој ја слави културата на Карибите и Црнците во Велика Британија, годинава виртуелен […]

Почина Зоран Георгиев, кој ја испеа легендарната „Еден бакнеж“


Македонскиот пејач Зоран Георгиев почина во Белград во 77-та година од животот. Георгиев е роден во Охрид, а ќе остане запаметен по извонредната песна „Еден бакнеж“, со која победи на фестивалот во Опатија во 1962 година. принтскрин/Youtube Во 2012 година ја доби наградата „Буба Мара“ за животно дело. принтскрин/Youtube

Модната индустрија е поголем загадувач од авио-индустријата


Кога човекот почнал да се облекува, паралелно почна да се развива и модата. Некогаш луѓето имале по еден пар чевли, еден костум за прослави и еден за секојдневна работа. Денес, приказната е поинаква и облеката е поевтина и достапна за сите, но по која цена? Она на што не се обрнува многу внимание, а е […]

Меланија Трамп во џиш бои: Републиканската национална конвенција како модна писта


САД- Откако го привлече вниманието со најдолгиот и најсериозен говор како прва дама на втората вечер од Републиканската национална конвенција (РНЦ) и со стилизиран фустан со „армиски“ изглед, Меланија Трамп го поедностави изгледот но ги засили боите додека чекореше на последните две вечери на Републиканската национална конвенција . Од неонско зелена до фускија. Интересниот избор […]

Сите зборат за новата девојка на Бред Пит: Никол личи на Џоли и на Шајк


САД- Оскаровецот Бред Пит (56) има нова девојка – познатиот актер излегува со германската манекенка со полски корени Никол Потуралски (27). Многу наликува на актерката Анџелина Џоли и на супермоделот Ирина Шајк. Двојката е видена на аеродром во Франција, во близина на замокот Миравал кој Џоли и Пит го купија во 2011 година. И двајцата […]

„Електрични оргазам“ и Бајага па концертна пауза на Авалон


Претстојните три концерти на стадионот на АРМ во Скопје на 11, 12 и 13 септември – на „Електрични оргазам“, петтиот „Скопје колинг“ (годинава македонско издание со четири бендови), и концертот на „Бајага и инструктори“ за јубилеј 35 години, ќе бидат веројатно последните организирани од Авалон-продукција во идните шест или седум месеци, рече на прес-конференција сопственикот  […]

Помалата сестра на Бритни Спирс ќе се грижи за нејзините пари


САД– Помалата сестра на Бритни Спирс, Џејми Лин Спирс ќе се грижи за нејзините пари, според „Лос Анџелес Тајмс“. Документите наводно предвидуваат дека Бритни е „единствен корисник“ на парите додека е жива. Одговорност на старателот е да се увери дека, доколку нешто се случи со поп-sвездата, нејзините деца да ги добивјат нејзините средства. (Таа ги […]

Кети Пери и Орландо Блум добија ќерка, Дејзи Доув Блум


САД– Поп-ѕвездата Кети Пери и актерот Орландо Блум добија ќерка и ја крстија Дејзи Доув Блум. Како амбасадори на добра волја , двојката ја објави веста преку официјалната страница на Твитер на УНИЦЕФ, заедно со првата слика на Дејзи. Кети Пери (35) пред девет месеци, со објава на „Твитер“на своите фанови им напиша дека е […]

Со елеганција сме веќе во Европа: Моден портрет на новиот кабинет на Заев (галерија)


Мандатарот Заев и кандидатите за нови министри и вицепремиери, за модниот портрет на новиот кабинет „позираа“ пред и во Собранието елегантни со вратоврска или без вратоврска, во бели кошули, со манжетни, во добро скроени костуми и елегантни чевли. Дипломатски стил со европски шмек. Од различни генерации, и исто поднебје, а сепак заеднички им се добриот […]

Борбена модна порака: Што облече Меланија Трамп за најсериозниот говор во Белата куќа?


САД- Елегантен комплет во зеленомаслинеста нијанса која потсеќа на воена униформа со високи потпетици облече синоќа Меланија Трамп во градината Роуз близу до Овалната канцеларија. Првата дама на САД го одржа својот најсериозен и најдолг говор досега, на Републиканската Национална конвенција. Меланија Трамп понекогаш прави нетипични модни избори за прва дама, но секогаш успева да […]

Вечна класика од Италија: Giuliva Heritage x H&M


Партнерот за модна соработка, шведскиот ланец пак го побара во Италија, но овој пат не е развикана модна куќа туку луксузен бренд кој верува во квалитет   Шведска-Модниот гигант H&M веќе соработуваше со популарните брендови како Версаче, Балмен, Кензо, Џанбатиста Вали, Александер Ванг и др. Сега во услови на пандемија, се заврте кон потивка соработка […]

Принцезата Беатрис може да се пресели во старата куќа Меган и Хари


Англија– И покрај пандемијата, тоа беше возбудливо лето за принцезата Беатрис. Откако во мај ја откажаа свадбата со Едоардо Мапели Мози, двојката одлучи да се земе на интимна, социјално дистанцирана церемонија во тајност во јули. И сега, тие го имаат остатокот од животот пред нив. Се верува дека младенците имаат мини-меден месец во Франција, а […]

 „Фолтин“, „Ласт експедишн“: „Скопје колинг“ со домашни изведувачи


„Foltin“, „Last Expediton“ и „Pluto’s Doubts“ и „Surprise act“ ќе настапат на петтото јубилејно издание на фестивалот „Скопје колинг“ („SKOPJE CALLING Festival“), што ќе се одржи на 12-ти септември на стадионот на АРМ. Како што соопшти Авалон продукција, се решиле за пионерите и за младите сили на домашната музичка сцена. – Бирајќи внимателно, создадовме оргинална […]

Клуб 27: Млади, славни и мртви


Многу славни и познати личности починаа во 27 година од животот, а некои од нив се и Курт Кобејн, Ејми Вајнхаус, Џенис Џоплин, но и многу други. Поради тоа симболично е оформен и „клуб 27“ САД- На почетокот се однесувал на познатите музичари кои починале на 27 години, како што се Џими Хендрикс и Џим […]

Градината Роуз на Меланија Трамп готова: Новинарите први гости пред гласачите


САД (АП) – Градината Роуз на Меланија Трамп е готова токму кога вниманието на јавноста е свртена на кампањите за нов претседател на САД- Републиканецот Трамп или Демократот Џо Бајден. Првата дама Меланија Трамп ќе го одржи својот говор на републиканската Национална конвенција во вторник вечер од градината, која се наоѓа во близина  на Овалната […]