Клои Кардашијан била позитивна на Ковид, се уште има последици


САД– ТВ-ѕвездата Клои Кардашијан откри дека била позитивна на Ковид-19 пред неколку месеци. Во новиот трејлер за следната епизода на најгледаното реално шоу во САД „Дружење со семејството Кардашијан“, 36-годишната дизајнерка на „Гуд Американ“ споделува дека била тешко болна од коронавирусот. Вели дека нејзините симптоми вклучувале повраќање и главоболки.

Се чини дека се разболела на почетокот на март откако била на патување со нејзината најдобра пријателка Малика Хак во казино во близина на Палм Спрингс, Калифорнија. Наместо со сопругот, Малика се упатила со Клое на таканареченото бејбимун патување или последен одмор пред раѓањето на бебето кое го очекува.

Потоа била во карантин со ќерката Тру и момчето Тристан Томпсон во Лос Анџелес. Засега не е познато дали и тие биле позитивни.

„Само што дознав дека имам корона, бев во мојата соба … беше навистина лошо неколку дена, повраќање и тресење, и топло и ладно“, вели Клои од својот кревет.

„Страдам од мигрена, но ова беше најлудата главоболка, не би рекла дека е мигрена“, додава таа.

„А кашлањето беше ужасно, градите ми гореа кога кашлав. Грлото сè уште не ми е целосно заздравено, дозволете ми да ви кажам дека ова ср**е реално, но сите ќе го пребродиме“, вели Клои.