Витни Хјустон влезе во историјата со 3-тиот дијамантски албум


САД (АП) – Покојната легенда на поп-музиката Витни Хјустон го заработи својот трет албум сертифициран со дијаманти, со што стана првиот цромурест уметник што го постигнал овој успех.

The Recording Industry Association of America (RIAA) и Legacy Recordings вчера објавија дека албумот на Хјустон од 1987 година, „Витни“, достигна дијамантски статус, што е еквивалентно на продажба на 10 милиони албуми.Нејзиниот истоимен деби-албум од 1985 година и албумот-саундрак од филмскиот хит „The Bodyguard”  од 1992 година веќе имаа дијамантски тираж, со продадени 13, односно 18 милиони албуми.

„Витни“  ги содржи четирите песни кои се најдоа на врвот на топ 100 листата на Билборд: Греми победникот “I Wanna Dance with Somebody (Who Loves Me),” “Didn’t We Almost Have It All,” “So Emotional” и “Where Do Broken Hearts Go.” Синглот “Love Will Save the Day”се искачи на 9-то место на табелата.

Гарт Брукс го држи рекордот за најмногу албуми дијамантски тираж, девет. Други музичари и групи со три или повеќе албуми кои достигнале дијамантски статус се Битлси, Лед Цепелин, Шанаја Твен и „Иглси“.

RIAA доделува дијамантски плакети на албуми и синглови кои достигнуваат 10 пати поголем статус од платина. Тоа некогаш беше еквивалентно на продажба на 10 милиони песни или албуми, но се промени од 2016 година, кога RIAA започна да вклучува стриминг од YouTube, Spotify и други дигитални музички услуги.

Соопштението од средата доаѓа една недела пред Хјустон, кој почина во 2012 година, да биде постхумно вклучена во Рокенрол Холот на славните, класа 2020. Церемонијата ќе се емитува на HBO на 7 ноември во 20 часот.