Гвен Стефани и Блејк Шелтон се свршија по пет години врска


САД– По пет години врска, поп-ѕвездата Гвен Стефани (51) и кантри-ѕвездата Блејк Шелтон (44) се свршија.Шелтон ја запроси пејачката денес, а таа на својот Инстаграм профил веднаш објави фотографија со прстен на раката.

Двојката се запозна на снимањето на популарното шоу „Гласот“ во 2014 година, а веќе следната година започнаа да се забавуваат . Гвен еднаш во шоуто со Елен Деџенерис призна дека сè додека не се запознале, таа дури и не знаела кој е Шелтон.

Претходно, пејачката беше омажена со музичарот Гевин Росдејл, а нивниот развод официјално се случи во 2016 година. Имаат три деца.

Од друга страна, Шелтон беше во брак двапати, последниот со кантри-ѕвездата Миранда Ламберт.