Првиот „Skopje Drum Fest“ вечер во МКЦ


Првиот „Skopje Drum Fest“ вечер ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) со почеток во 19 часот. Организатор на Фестивалот е Здружението за поддршка на тапанари во земјава „Skopje Drum Talks“, со поддршка од Министерството за култура.

На ова прво издание ќе настапат Виктор Филиповски, Влатко Нушев, Драган Теодосиев, Александар Ванчовски и Антоние Весковски.

Фестивалот, како што соопшти организаторот, ќе биде спроведен согласно протоколот за реализирање на настани во затворен простор. Билетите се распродадени, а салата е соодветно приспособена за одржување на настан според сите мерки наведени во протоколот. Задолжително е носење маска, дезинфекција и одржување растојание во текот на целиот настан.

Сите оние кои не можат да присуствуваат, ќе има стриминг на https://www.facebook.com/skopjedrumtalks