Супермоделот Карли Клос бремена со првото дете

САД– Супермоделот Карли Клос (28), го чека своето прво дете со сопругот Џошуа Кушнер, менаџер и партнер во компанија за инвестиции, ексклузивно потврдува „Пипл“.

„Карли е пресреќна што го чека своето прво дете во 2021 година“, изјавил извор близок на Клос за магазинот. „Таа ќе биде најневеројатната мајка.

Клос и Кушнер (35) само што ја прославија својата втора годишнина од бракот откако се венчаа во октомври 2018 година за време на мала, еврејска церемонија во северниот дел на Њујорк, со помалку од 80 гости. Невестата носеше обична тоалета од Диор (шиена 700 часа) за церемонијата.

Тие ги продолжија своите свадбени прослави во јуни 2019 година со забава со ѕвезди во Вајоминг, на која присуствуваа Кети Пери, Орландо Блум и блискиот пријател Дерек Бласберг.

Постариот брат на инвеститорот Кушнер е Џаред Кушнер, сопруг на најстарата ќерка на претседателот Доналд Трамп, Иванка Трамп; и Џаред и Иванка се постари советници во Белата куќа.

Клос е една од најангажираните манекенки на денешницата, препознатлива од ревиите на „Викториас сикрет“  и како заштитно лице на една од последните кампањи на „Сваровски“.