Емили Ратајковски за Вог потврди дека е бремена со првото дете

САДПознатата американска манекенка Емили Ратајковски за списанието „Вог“ потврди дека е бремена, во шестиот месец, нагласувајќи оти не сакала тоа да го објави на социјалните мрежи.

– Кога сопругот и јас им кажавме на пријателите дека сум бремена, првото прашање што ми го поставија, откако ми посакаа сѐ најдобро, беше – дали знам што сакам да имам (во однос на полот)? Но, ние сакаме да истакнеме дека ова е нешто што нема да го знаеме сѐ додека нашиот син или ќерка не наполни 18 години и не нѐ извести за тоа, вели манекенката.

Според неа, луѓето премногу се оптоваруваат околу тие „генерализации за полот на децата“.

– Не треба никого да обвинуваме за тоа. Но, не ми се допаѓа што им наметнуваме родови предубедувања на луѓето, а уште помалку – на бебињата. Сакам да бидам мајка која ќе дозволи своето дете самото да покаже. А сепак, сфаќам дека, иако се надевам дека моето дете може да си го одреди своето место во светот, ќе се соочи, без разлика на сѐ, со многу ограничувања и родови предрасуди, уште пред да може да зборува за тоа или, по ѓаволите, дури и пред да се роди, нагласи таа.

Таа натаму говори и за тоа дека би требало да е немоќна кога станува збор за речиси сè што носи бременоста – како ќе ѝ се промени телото, какво ќе биде детето…

– Но, изненадувачки, овие прашања не ми пречат. Наместо страв, чувствувам ново чувство на мир и спокојство. Јас веќе учам од оваа личност во моето тело. Воодушевена сум!, додаде Ратајковски.

Таа сними и посебно видео за добрата вест, во режија на нејзината пријателка Лена Данам, кое покажува како поминале првите месеци од бременоста.