Дедомразовците трчаа низ Скопје (галерија)


Главниот град денес заличи на европска престолнина и се ишара во црвено-белата нијанса по улиците. На Плоштад Македонија во Скопје денеска се одржа 11-тата Дедомразовска трка. Стотици учесници облечени како Дедо Мраз  трчаа два километри низ градот. Глетката предизвика смеа и воодушевување кај граѓаните од сите генерации. Како што соопштија организаторите „Прв до врв“, сите …

Дедомразовците трчаа низ Скопје (галерија) Read More »

Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар


Бистата на народниот херој Вера Јоциќ била украдена од Градскиот парк во скопската Општина Центар, соопшти од Министерството за внатрешни работи (МВР). Бистата, дело на нејзината сестра Вида Јоциќ, е поставена во почетокот на паркот на околу 150 метри од Владата на РСМ. Според полицискиот билтен, завчера во 11:00 часот во СВР Скопје било пријавено …

Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар Read More »

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка


 Најниска температура од -8 степени Целзиусови утринава е измерена во Берово, а речиси секаде во земјава се измерени минусни температури со исклучок на Попова Шапка каде живата во термометарот покажуваше 0 степени. Температура од -6  степени е измерена во Скопје-Петровец, -5 Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, …

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка Read More »

Усвоен буџетот на Општина Аеродром за 2026 година


Советот на Општина Аеродром денеска го усвои Буџетот за 2026 година, кој претставува најголем и најкапитален буџет досега. Со овој буџет се обезбедуваат конкретни и одржливи решенија за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и се поставуваат јасни насоки за развој на општината, се наведува во соопштението од Општина Аеродром што МИА го пренесува …

Усвоен буџетот на Општина Аеродром за 2026 година Read More »

Следува стабилно, но студено време со температури до -10 степени


Следува период на стабилно, но студено време, со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата. Особено студено ќе биде во првите денови од следната седмица, кога на одделни места температурите ќе се спуштат и до -10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во деновите од викендот се очекува да дува засилен до силен …

Следува стабилно, но студено време со температури до -10 степени Read More »

Сите најавуваа, Герасимовски ќе спроведе „Центарска картичка“


„Центарска картичка“, со која се зголемува поддршкате за пензионерите и семејствата, ќе се воведе во општина центар, а со неа ќе се добиваат попусти во театрки, музеи, козметички самони, галерии, здравство, но и при купување велосипеди, мода, храна и друго. „Воведуваме центарска картичка како дополнителна услуга за жителите на Општина Центар, но и како директна …

Сите најавуваа, Герасимовски ќе спроведе „Центарска картичка“ Read More »

Град Скопје ќе го субвенционира ЈСП „Скопје“ со 920 милиони денари


Град Скопје во претстојната календарска година ќе одвои рекордни 920 милиони денари субвенции за ЈСП Скопје. Со оглед дека јавниот превоз во главниот град веќе подолго време функционира со потешкотии, во Буџетот на Град Скопје за 2026 година се предвидени рекордни средтва за субвенции. Ова го потврди градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на вчерашната седница на Советот …

Град Скопје ќе го субвенционира ЈСП „Скопје“ со 920 милиони денари Read More »

Ако имате текстилен отпад, фрлајте го во посебните контејнери!


Жителите на Општина Кисела Вода добиja можност правилно да го одлагаат текстилниот отпад, откакo беа поставени контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници. Со ова, Кисела Вода воспоставува функционален и одржлив систем за селектирање и рециклирање на текстилен отпад, во соработка со лиценцираната компанија ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје, овозможувајќи правилно одлагање на употребената облека …

Ако имате текстилен отпад, фрлајте го во посебните контејнери! Read More »

ДОМ: Дислокација на УСЈЕ би траела со години – на Скопје му треба чист воздух веднаш


ДОМ, како одговорна зелена партија, предупреди на реалноста: дислокацијата на капацитет како „Усје“ е исклучително сложена правно-финансиска операција која дури и да започне веднаш би траела со години, се наведува во партиското соопштение. Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја поздрави Одлуката на Советот на Град Скопје за поднесување иницијатива за дислокација на тешката индустрија, но …

ДОМ: Дислокација на УСЈЕ би траела со години – на Скопје му треба чист воздух веднаш Read More »

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од Скопската котлина


На иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на вчерашната седница едногласно усвои заклучок за отпочнување постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и сите големи индустриски загадувачи надвор од Скопската Котлина. Со заклучокот, кој беше изгласан од советниците со мнозинство од 41 глас „за“, градоначалникот на Град Скопје се задолжува …

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од Скопската котлина Read More »

Празнични попусти на ексклузивни брендови за совршен стил само во Рамстор Мол


Празничниот дух веќе се чувствува, а Рамстор Мол и оваа година е централната дестинација за сите кои сакаат да ја пречекаат Новата година со стил. Без разлика дали сте во потрага по совршениот изглед за празничната вечер или сакате да ги изненадите вашите најблиски со уникатен подарок, нашите продавници нудат врвна селекција на светски брендови, …

Празнични попусти на ексклузивни брендови за совршен стил само во Рамстор Мол Read More »

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош


 Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради водоводен приклучок на ф 90 мм на ул. „Ванчо Мицков“ бр.39. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Изгласан буџетот на Скопје, никој не гласаше против!


Советот на Град Скопје денеска едногласно го усвои буџетот за 2026 година. Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски соопшти дека буџетот е усвоен без ниту еден глас против, што е доказ дека кога има ред, визија и работа, има и резултати.Најав и засилен инвестициски циклус во следниот период. „Им се заблагодарувам на сите советници што го поддржаа. …

Изгласан буџетот на Скопје, никој не гласаше против! Read More »

Новогодишен воз ве вози од Скопје до Маџари и назад


Железници на Северна Македонија како општествено одговорна компанија, информира дека за првпат оваа година се вклучува во празничните случувања во пресрет на новогодишните празници, со воведување на специјално украсен новогодишен воз. -Празничната магија на шините продолжува! Ве известуваме дека до 30 декември, секој ден на железничката станица во Скопје, Ве очекуваат новогодишни претстави, по чие …

Новогодишен воз ве вози од Скопје до Маџари и назад Read More »

Во Аеродром по 23 часот ќе смеат да шушкаат само лисјата – казна за бучава до 69.000 евра


Општина Аеродром започнува со интензивни контроли и мерења на прекумерната бучава, со јасна цел – заштита на здравјето, мирот и квалитетот на живеење на сите граѓани. Согласно со член 9 од Законот за заштита од бучава во животната средина, забрането е емитирање бучава над пропишаните гранични вредности. Во станбените објекти, во вечерниот период од 19 …

Во Аеродром по 23 часот ќе смеат да шушкаат само лисјата – казна за бучава до 69.000 евра Read More »

Граѓаните не ги интересира дали пропаднал тендерот – автобуси нема!


Јавниот градски сообраќај во Скопје не функционира како што треба, а популистичките и надежни изјави на градските власти дека ќе се подобри, немаат фактичка заднина.  Како што потенцира советничката на Левица, Катерина Јовановска, на денешната седница на Советот на Град Скопје, на кој се расправа за Буџетот на градот, рече дека не гледа подобрување на …

Граѓаните не ги интересира дали пропаднал тендерот – автобуси нема! Read More »

Од денеска почнува заверувањето за студентски билети за 2026


Ги потсетуваме корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2026 година. Продолжувањето/заверувањето на билетот започнува од денес (25.12.25), и се врши во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент …

Од денеска почнува заверувањето за студентски билети за 2026 Read More »

Орце ги нападна и Данела и Шилегов: Го „уништиле“ Скопје, тој ќе го крева


  Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во поширока објава на Фејсбук остро ги нападна неговите претходници на функцијата, Данела Арсовска и Петре Шилегов, велејќи дека наследил девастирани јавни претпријатија, хаос во образованието, долгови, неисчистено Скопје, кое не се украсувало за Нова година, и што уште не. Но откако тој дојде на функцијата работите почнале да …

Орце ги нападна и Данела и Шилегов: Го „уништиле“ Скопје, тој ќе го крева Read More »

Со зголемен буџет, Центар ќе дава 5.000 до 10.000 денари за пензионерите, учениците, социјалната заштита


Советот на Општина Центар на 3. Седница едногласно го усвои Буџетот за 2026 година. Проектираниот основен буџет на Општина Центар за наредната година изнесува 1.217.450.000 денари и претставува највисок буџет досега. Од вкупниот износ, 527.230.000 денари, односно 43 проценти, се наменети за капитални инвестиции, додека 690.220.000 денари, односно 57 проценти, се планирани за тековни оперативни …

Со зголемен буџет, Центар ќе дава 5.000 до 10.000 денари за пензионерите, учениците, социјалната заштита Read More »

Без вода делови од општините Аеродром и Центар


Без вода за пиење во текот на денов ќе бидат дел од корисниците во општините Аеродром и Центар, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ била добиена информација дека прекинато водоснабдување ќе имаат корисници на делови од „Тодор Александров“ и „Партение Зографски“ во општина Центар. Како …

Без вода делови од општините Аеродром и Центар Read More »