(Видео) Отворање на првата сезона на Плазма Спортските игри за млади
„Спортувајте, другарувајте, учете, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија“, порача премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје. Тој истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува спортот и младите генерации.
На настанот, кој обединува над 27.000 деца од целата држава, беа најавени натпревари во разни спортски дисциплини на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што ќе се натпреваруваат со врсници од регионот.

Министерот за спорт Борко Ристовски додаде дека Игрите не се само натпревар, туку и можност секое дете да почувствува што значи да биде дел од тим.
– Спортот не е привилегија, спортот е право на секое дете – рече тој нагласувајќи дека државата вложува во младите, инфраструктурата и локалните институции за да гради здрави генерации.
Свечениот почеток беше означен со палење на пламенот на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Игрите опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што е се натпреваруваат со врсници од регионот.