Општина Карпош: Лукровски е на боледување, не дава оставка


Фото: Б. Грданоски

Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање. Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните.

Согласно законските процедури, надлежности привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски. Општина Карпош апелира до јавноста и медиумите за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство во овој период.

 

Лукровски се пишмани – не сака да е градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ притиска да не дава оставка