Герасимовски: „Нож и виљушка на европска чинија“ во Центар, добра храна, музика и дружење до полноќ
Во Паркот на Франкофонијa денеска се одржува манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“ – гастрономски и музички настан поддржан од Општина Центар.
– Оваа манифестација прерасна во препознатлив симбол на дружење и размена на култури. И овојпат имаме голема посетеност и интерес, голем број граѓани и европски гости, и се разбира, добра атмосфера, музика и гурмански специјалитети. Годинава настанот го посветуваме на 9 Мај, Денот на Европа и 50 годишниот јубилеј на Општина Центар – порача градоначалникот на Центар Герасимовски.
Во текот на целиот ден посетителите можea да дегустираат домашни и европски специјалитети, како и пијалоци на штандовите поставени во паркот, истовремено уживајќи во разновидната музичка програма која почна со настапот на детската група „Поточиња”, по што следуваа диџеј настапи и блуз, па сè до доцните ноќни часови со „Куку Леле” и „Илче Брас Левис Бенд”.
Како што се наведува во соопштението, со оваа манифестација Општина Центар уште еднаш ги обедини граѓаните во срцето на Скопје, нудејќи им содржини кои ја креваат културата во градот на едно поквалитетно и поавтентично ниво.