Спасовски: Законот за одбрана да се гласа пред распуштање на Парламентот


Премиерот Оливер Спасовски денеска ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да покаже минимум политичка коректност кон граѓаните и да гласа за Законот за одбрана пред распуштањето на Парламентот на 12 февруари. -Законот за одбрана, кој е во собраниска процедура, покажува дека партиските интереси се во прв план пред се од ВМРО-ДПМНЕ. Досега не слушнав ниту еден аргумент …

Спасовски: Законот за одбрана да се гласа пред распуштање на Парламентот Read More »

Со 1,4 милијарда денари преку Оперативниот план ќе се опфатат 11.761 лице


Во Владата денеска беше презентиран Оперативниот план за активните мерки и активности за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година. Премиерот Оливер Спасовски истакна дека се обезбедува континуитет на една од најуспешните мерки на Владата во изминатиот период. -За две и пол години со овие мерки се вработени над 59.000 граѓани, а …

Со 1,4 милијарда денари преку Оперативниот план ќе се опфатат 11.761 лице Read More »

Спасовски апелира државниот интерес да е приоритет на сите во Владата


Државниот интерес треба да биде приоритет на сите министри и заменици во оваа техничка Влада и тука нема дилема, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој вечерва пред почетокот на владината седница одговараше на новинарско прашање, како ја оценува работата на Владата, но и како ја коментира постапката на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и …

Спасовски апелира државниот интерес да е приоритет на сите во Владата Read More »

Владата и градоначалниците на седница во Штип ги утврдуваат приоритетите на регионот


Општина Штип ќе биде инвеститор за изградбата на браната на река Отиња. Оваа одлука вечерва се носи на владината седница, која се одржува во Штип, објави техничкиот премиер Оливер Спасовски пред почетокот на седницата, на која присуствуваа министрите, нивните заеменици, како и градоначалниците на општините, кои гравитираат околу градот Штип. -На седницата на Влада присуствуваат …

Владата и градоначалниците на седница во Штип ги утврдуваат приоритетите на регионот Read More »

(Фото) Полиција на Пајак


Погодете од трипати: Дали ова полициско возило било неправилно паркирано во Скопје па во државата каде владее правото, Пајакот и полицијата заеднички интервенирале и казната е уредно платена, како што е за сите граѓани, или пак Пајакот на товар на граѓаните ја вози дефектната полиција на сервис.

ЈСП од денес вози по зимски возен ред


JСП информира дека од денес, 21 јануари, јавниот превоз ќе сообраќа по вообичаениот зимски возен ред. Во изминативе три недели, поради ученичкиот зимски распуст, тој беше редуциран. Од денес автоматски продолжува и важноста на ученичките бесплатни билети за користење јавен превоз.

Чешка не очекува реформата за преговорите да биде донесена пред мартовскиот самит на ЕУ


Чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петричек не очекува дека ќе се постигне договор за реформа на процесот за пристапување кон ЕУ до самитот на ЕУ на 26 март. Во интервју за „Еуроактив“ тој изјави: „Ќе ми биде драго ако мојата проценка е погрешна“. Понатаму тој вели: „Според наше мислење, дебатата за реформата на пристапниот …

Чешка не очекува реформата за преговорите да биде донесена пред мартовскиот самит на ЕУ Read More »

Заев: Со укинување на Преспанскиот договор, би го изгубиле членството во НАТО и во ЕУ


-Како што наближуваат изборите, раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување на договорот од Преспа. ВМРО-ДПМНЕ сака да го укине договорот кој не внесе во НАТО и не донесе на чекор до преговори со Европската Унија, изјави на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прва по неговото повлекување од премиерската функција …

Заев: Со укинување на Преспанскиот договор, би го изгубиле членството во НАТО и во ЕУ Read More »

Шекеринска: Очекуваме следната недела да почне ратификацијата на Протоколот во Шпанија


Очекуваме веќе следната недела во Шпанија формално да почне процесот на ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, бидејќи откако беше завршен изборот на шпанската Влада, се отворија вратите овој процес да започне и се надеваме да заврши за неколку недели, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Одговарајќи на новинарско прашање …

Шекеринска: Очекуваме следната недела да почне ратификацијата на Протоколот во Шпанија Read More »

Спасовски: Сите политички субјекти да бидат на висина на задачата за новиот закон за јавно обвинителство


Премиерот Оливер Спасовски не очекува застој во носењето на новиот закон за јавно обвинителство, при што порача дека е неопходна соработка на вклучени страни во процесот. При неговиот престој во Кочани по повод празникот Богојавление – Водици, тој нагласи дека се работи за прашање од висок државен интерес. – Ќе направиме сè во наредниот период …

Спасовски: Сите политички субјекти да бидат на висина на задачата за новиот закон за јавно обвинителство Read More »

(Галерија) Кристијан Ниневски, и лани и годинава, го фати светиот крст за Водици во Скопје


Кристијан Ниневски беше најсреќен меѓу 140-те верници кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на централната манифестација за големиот христијански празник Богојавление – Водици во центарот на Скопје и го извлече крстот од осветените води. Ниневски и лани го извади светиот крст од водите на реката Вардар. – Чувството е прекрасно, Бог се …

(Галерија) Кристијан Ниневски, и лани и годинава, го фати светиот крст за Водици во Скопје Read More »

По апелите на Вархеј, политичките партии со поместени позиции за новиот закон за ЈО


СДСМ и ДУИ испорачаа до ВМРО-ДПМНЕ нов предлог-закон за Јавно обвинителство, што најголемата опозициска партија ќе го анализара деновиве. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, истакна дека неговата партија и коалицијата се подготвени за тој чекор, а опозиционерот Антонио Милошоски навести дека постојат одредени шанси за договор за законот, ако се постави како приоритет. Пратеникот на …

По апелите на Вархеј, политичките партии со поместени позиции за новиот закон за ЈО Read More »

Новиот еврокомесар за проширување Вархеи во Македонија


Во пресрет на Самитот во Загреб на кој Македонија очекува добивање на датум за почеток на преговорите, се засилуваат активностите на европските дипломати. Денеска во Македонија престојува новиот еврокомесар за преговори за проширување Оливер Вархеи кој во моментов е на разговори со премиерот на техничката влада Оливер Спасовски. Претходно високиот гостин се сретна со претседателот …

Новиот еврокомесар за проширување Вархеи во Македонија Read More »

Вархелји во прва посета на Скопје


Наследникот на Јоханес Хан, новиот европскиот комесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархелји, денеска пристигнува во прва официјална посета на Скопје. Еврокомесарот ќе се сретне со шефот на државата Стево Пендаровски, со премиерот Оливер Спасовски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан …

Вархелји во прва посета на Скопје Read More »

Оливер Спасовски и Зоран Заев се сретнаа со Вселенскиот Патријарх во Истанбул


Премиерот Оливер Спасовски и претседателот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев се сретнаа денес со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј. Двајцата се во Истанбул во Цариградската Партијаршија на покана на Патријархот Вартоломеј. Нема детали за средбата, освен дека се одржала во пријатна атмосфера и дека разговорот бил позитивен. Биле изразени се надежи за успеси на Вселенскиот Патријарх …

Оливер Спасовски и Зоран Заев се сретнаа со Вселенскиот Патријарх во Истанбул Read More »

Заев: „Медена земја“ заслужи номинации за Оскар


Претседателот на СДСМ и премиер во оставка Зоран Заев се придружи на честитките за номинациите за „Оскар“ на „Медена земја“ во две категории. -Заслужени номинации за Honeyland за Оскар во категориите Најдобар документарен филм и Најдобар интернационален филм. Ова е историски успех за современиот македонски филм, кој за прв пат е со две номинации. Честитки …

Заев: „Медена земја“ заслужи номинации за Оскар Read More »

Новиот еврокомесар за проширување Вархеји во среда во Скопје


Новиот еврокомесар за соседство и проширување Оливер Вархеји на 15 и 16 јануари ќе допатува во посета на Македонија, дознава МИА од извори од Брисел. Тоа ќе биде негова прва посета по стапувањето на функцијата еврокомесар. Се очекува Вархеји да оствари средби со владини претставници, на кои најверојатно ќе стане збор за новата методологија за …

Новиот еврокомесар за проширување Вархеји во среда во Скопје Read More »

Вечерва се чека Стара нова година, утре е Василица


Православните христијани, чии цркви го користат Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача …

Вечерва се чека Стара нова година, утре е Василица Read More »

Собранието ја избра преодната Влада на чело со Оливер Спасовски


Собранието на Република Северна Македонија со 101 глас „за“, без воздржани и против ја избра новата техничка влада, која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 12 април. Премиер во техничката Влада е Оливер Спасовски, кој откако премиерот Зоран Заев си поднесе оставка, попладнево го доби мандатот од претседателот Стево Пендаровски да ја формира …

Собранието ја избра преодната Влада на чело со Оливер Спасовски Read More »

Пендаровски со прво годишно обраќање во Собранието: Ветингот да почне од политичарите


Веднаш по априлските избори да се прочистат судиите, обвинителите, но и политичарите побара шефот на државата Стево Пендаровски. Претседателот во своето годишно обраќање вчера во Собранието им порача на политичарите со ветингот да почнат од своите редови. „Сакам уште од сега јавно да ѝ порачам на следната власт: веднаш по изборите спроведете прочистување и кај …

Пендаровски со прво годишно обраќање во Собранието: Ветингот да почне од политичарите Read More »