ЈСП од денес вози по зимски возен ред

Фото: Б.Грданоски

JСП информира дека од денес, 21 јануари, јавниот превоз ќе сообраќа по вообичаениот зимски возен ред.

Во изминативе три недели, поради ученичкиот зимски распуст, тој беше редуциран.

Од денес автоматски продолжува и важноста на ученичките бесплатни билети за користење јавен превоз.