Чешка не очекува реформата за преговорите да биде донесена пред мартовскиот самит на ЕУ


Чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петричек не очекува дека ќе се постигне договор за реформа на процесот за пристапување кон ЕУ до самитот на ЕУ на 26 март. Во интервју за „Еуроактив“ тој изјави: „Ќе ми биде драго ако мојата проценка е погрешна“.

Понатаму тој вели: „Според наше мислење, дебатата за реформата на пристапниот процес не смее да претставува пречка за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Според Европската комисија, двете држави ги исполнија условите за започнување преговори за пристапување и отворање на долгорочен процес за време на кој тие ќе треба да го подобрат функционирањето на судството или да се борат со корупцијата. Никаде не се вели дека ако тие не ги исполнат условите мора да станат членка на ЕУ“.

Според Петричек, прашањето за реверзибилноста на преговорите за пристап е веќе реалност, па тој не е сигурен „дали ни треба предложената реформа“.