Антонио Милошоски го нарече Заев „неурамнотежен политичар“


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение го пренесе Фејсбук статусот на нејзиниот истакнат член, Антонио Милошоски, во кој тој го нарече претседаталеот на СДСМ, Зоран Заев, „неурамнотежен политичар“, со што индиректно го претстави и како партиски став. Пишувајќи дека „Заев треба кривично да одговара“ Милошиски додава: „Овој неурамнотежен политичар на 1 јуни рече дека ‘вирусот слабее […]

Почина и таткото на Катица Јанева


Катица Јанева, поранешната шефицата на СЈО, денеска со полициска придружба била спроведена  во Гевгелија на погреб на нејзиниот татко Костадин Делиџаков. Тој беше долгогодишен судија и претседател на гевгелискиот суд. Јанева се наоѓа во домашен притвор и ја чека пресудата за случајот „Рекет“.  Токму на денот кога беше притворена, на 20 август минатата година, почина […]

Антикорупциска објави повик за пријавување набљудувачи на изборната кампања за изборите


Државната комисија за спречување на корупцијата врз основа на Законот за спречување корупција и судир на интереси, објави повик за пријавување набљудувачи на изборната кампања на учесниците во Предвремените парламентарни избори 2020 година. Во јавниот повик ДКСК наведува дека заради ефикасно следење на изборната кампања на учесниците на претстојните Парламентарни избори има потреба од ангажирање […]

Владата одржува вонредна седница


Владата вечерва со почеток во 19:30 часот, ќе одржи седница преку видео-конференциска врска. За заклучоците, како што наведуваат, од седницата ќе информираат со соопштение по нејзиното завршување. Откако синоќа на средба кај претедателот Пендаровски лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ не се договорија изборите да се одржат на 5. јули, денеска Заев излезе со нова […]

СДСМ тврди дека Чулев незаконски ја унапредил сопругата на Чавков


„Техничкиот министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев, повторно се става над законот, во обид за партизација на институциите и враќање на режимот. Чулев, без распишан интерен оглас во Министерството за внатрешни работи, ја унапредил сопругата на Митко Чавков на  повисока позиција за три скалила погоре во МВР. Ова е спротивно на систематизацијата и […]

Осум жртви на Ковид 19, нови 196 случаи, 90 во Скопје


Во последните 24 часа се направени 1.213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на Ковид-19. – Скопје 90 – Куманово 17 – Штип 5 – Прилеп 1 – Тетово 45 – Струга 8 – Велес 1 – Битола 4 – Охрид 11 – Гостивар 8 – Крива Паланка 1 – Пехчево 2 – Свети […]

Филипче: Шеснаесет медицински сестри од ГАК се во изолација, но не од случајот со родилката


Родилката која беше во Гинеколшко-акушерската клиника, потоа во болницата „Ремедика“, понатаму примена на Инфективната клиника во Скопје и на свое барање согласно состојбата која што тоа го дозволила во лесна состојба таа заминала на домашно лекување. На ГАК 16 медицински сестри се во изолација, но не од овој случај. Од нив поголем дел поминуваат 14 […]

Спасовски: Избори мора да има


Веќе нема потреба од вонредна состојба, и избори мора да има за да се вратат сите институции во полн капацитет затоа што ќе мораме да се справуваме и со пандемијата и со економската криза, изјави денеска во Струмица премиерот Оливер Спасовски. -Во моменти кога не може да се договорат политичките лидери настапуваат институциите на државата. […]

Спасовски: Годината ќе биде запаметена по корона кризата, но и по инвестициите во здравствениот систем


Сега имаме ресурси, сериозно надграден здравствен систем во однос на капацитети за сместување, медицинска опрема и знаења на здравствените работници. Имаме капацитет да се справиме и со овој актуелен бран. Од почетокот на кризата со корона вирусот на секој јавен настап повторувам една работа: вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на […]

Армијата се вклучи во тестирањата за Ковид-19


Министерството за здравство информира дека Армијата на Република Северна Македонија со поддршка се вклучи во тестирањето на граѓаните од коронавирусот. Тим од техничкиот персонал од Воено медицинскиот центар почна на терен, во асистенција на екипите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) да им помагаат при земањето на брисеви за тестирање од вирусот Ковид-19. Со оваа […]

Градоначалникот Георгиевски на Инфективна, позитивна на Ковид-19 и една вработена во општината


Општина Гази Баба соопшти дека градоначалникот Борис Георгиевски е згрижен на Инфективната клиника откако му е дијагностициран Ковид-19. Појаснуваат дека поради хронична болка во пределот на бубрезите во понеделникот, по извршен медицински преглед и пропишана лекарска терапија, Георгиевски бил  на домашно лекување и работните обврски ги извршувал од дома, како и преку онлајн платформите за […]

Последна отстапка на Заев – избори на 8 јули


Претседателот на СДСМ ја повика опозицијата да биде одговорна и рационална. Доколку има договор, од Владата ќе побара продолжување на вонредната состојба за три дена   Ден по неуспешните разговори во кабинетот на шефот на државата, претседателот на СДСМ, денеска ја претстави последната понуда до опозицијата – избори на 8 јули. Зоран Заев изјави оти […]

ДУИ очекува да биде одлучувачки фактор за идниот премиер


ДУИ очекува на претстојните избори да добие поддршка од граѓаните и да биде одлучувачки фактор што ќе преговара за позицијата прв Албанец премиер во државата, изјави денеска министерот Арбер Адеми, говорејќи како претставник на партијата. Адеми забалежа што на вчерашната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски немало претставник на Албанците, што според него, ја потврдува […]

Ваучери за туризам ќе добијат 117.122 граѓани, платформата „дома си е дома“ активна од денес


Вкупно 117.122 граѓани од денес ќе добијат ваучери за туризам на нивните електронски адреси со што почна да се реализира мерката за развој на домашниот туризам, рече денес на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши. За оваа мерка се предвидени над 10 милиони евра. „Ваучери за туризам во износ по 6.000 денари ќе добијат […]

Потврдени четири нови случаи на Ковид-19 во Охрид


Неделниот билтен што го објави Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 6 до 12 јуни во Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај 43 лица од Охрид, 26 лица од Струга и три лица од Дебар. Кога […]

Инфекциите од корона се зголемуваат во сите скопски општини


Во Скопје се активни 1040 случаи на корона вирус, во кои не се наведени сите оние од 11 јуни. Според податоците објавени на веб-страницата на Министерството за здравство во последниве денови инфекцијата се шири низ сите општини, иако некаде, како во Чаир, инциденцата е многу поголема отколку на другите места. Според последните податоци, вака изгледа […]

Продолжува мерката за ослободување од работа на бремените и родителите на деца до 10 години


Министерството за здравство информира дека Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 65 седница заклучи дека и по завршување на вонредната состојба ќе продолжат да важат мерките со кои се ослободуваат од работни обврски одредени категории на граѓани. Од работни обврски остануваат ослободени родителите на деца на возраст до 10 години или активно четврто одделение, […]

Уписите во прва година во средните училишта со проширени термини, поради пандемијата


Пријавувањето и запишувањето на ученици во прва година, во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се реализира во еден уписен рок и истото започнува со првото пријавување на 16 и 17 јуни 2020 година. Уписите продолжуваат во второто и третото пријавување од уписниот рок на 24, 25 и 29 јуни 2020 година. Како […]

Што предвидува анализата за црвената нафта: три предлози за сузбивање на нелегалната трговија


Министерството за финансии, конечно, ја објави Анализата на потрошувачката на екстра лесно масло за горење и предлог мерки за сузбивање на нелегалното користење и употреба. Еве што содржи Усогласување на квалитетот на екстра лесното гориво со квалитетот на дизел горивото, зголемување и изедначување на акцизата на екстра лесното гориво со акцизата на дизел горивото и воспоставување […]

Десет нови позитивни на Ковид-19 во гостиварскиот регион


Епидемиолозите со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, регистрираа десет нови случаи. Од меѓуопштинскиот кризен штаб потврдија дека резултатите на тестовите на Ковид-19 биле позитивни кај седум лица од општина Гостивар и три во општина Врапчиште. Во најмалубројната гостиварска општина, Маврово и Ростуше нема нови случаи. До денеска вкупниот […]