Пехчево пријави два случаи на заразени со Ковид-19


Со месеци Пехчево беше единствениот град во Македонија, каде немаше активни случаи со Ковид-19, откако оздравеа неколкуте првично заразени.

Но, денеска се евидентираат два нови случаи во овој град во источниот дел од земјава.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5.325, активни 986

• Куманово 1.233, активни 243
• Дебар 224, активни 65
• Штип 1.027, активни 293
• Прилеп 352, активни 32
• Тетово 1.123, активни 156
• Струга 503, активни 169
• Велес 241, активни 28
• Битола 179, активни 78
• Охрид 305, активни 78
• Кавадарци 147, активни 106
• Гостивар 623, активни 264
• Гевгелија 27, активни 9 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)
• Струмица 49, активни 20
• Крива Паланка 28, активни 5
• Радовиш 36, активни 8
• Крушево 16, активни 2
• Кочани 128, активни 34
• Пробиштип 67, активни 18
• Демир Хисар 53, активни 34
• Македонски Брод 63, активни 48
• Пехчево 8, активни 2
• Берово 12, активни 7
• Валандово 8, активни 2
• Виница 44, активни 39
• Делчево 7, активни 2 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 3
• Свети Николе 258, активни 67
• Кичево 234, активни 133
• Ресен 146, активни 9
• Неготино 34, активни 10 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.172 теста се преку: ИЈЗ-851, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена-174, Биотек-356, МАНУ -94, Клиника „Жан Митрев“-267, Систина со PCR метода -264, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-102, Инфективна клиника-8, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 123.122 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти од кои на кислородна поддршка се 43 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и шест деца позитивни на вирусот, и тројца пациенти суспектни.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 72 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 106 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.