Пациентка со Ковид-19: Издржав за да си го видам детето


Пациентка од Царев Двор, која била на кислородна поддрша вцело време, а се лекувала во две болници, ја победи болеста.

Нејзината приказна ја пренесе министерот за здравство Венко Филипче на својот Фесјбук профил.

„Најмногу од сѐ сакав да си го видам детето, затоа и издржав. Имав многу тешко лекување од коронавирусот – 24 дена траеше целото лекување, прво во охридската болница, а потоа ме префрлија во битолската. Бев на кислород цело време, не можев да дишам. И по двата контролни негативни теста останав да лежам во болницата во Битола во делот за пнеумофтизиологија, бидејќи имав сѐ уште болки, пневмонија, диареја. И покрај тоа што на лекарите и сестрите им беше тешко сигурно поради тоа што имаше многу пациенти, тие сите убаво се однесуваа со нас, со максимална посветеност и грижа”, изјави Дијана (52), излекувана пациентка од Ковид-19 од с. Царев Двор.