Во болница од Ковид-19 се лекуваат 354 пациенти, на респиратор се четворица


Фото: Б. Грданоски

 

Со денешните 141 новозаразени, во Македонија има 2.991 активен случај, а од нив 354 се лекуваат во болница, додека четвора се на респираторна машина.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и шест деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.