Од денеска, задолжителeн ПСР тест за влез во Србија за македонските државјани


Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека на предлог на Институтот за здравје, српската влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија, ќе им биде потребен ПСР тест за влез во Србија.

Одлуката за државјаните на овие четири земји меѓу кои и Македонија ќе започне да важи од денеска 15.08, сабота, а тестот не треба да биде постар од 48 часа.За деца до 12 годишна возраст не е потребен ПСР тест.

Со оваа одлука нема да бидат опфатени професионалните возачи, но истите за 12 часа мора да транзитираат низ територијата на Република Србија од еден премин до друг.