Братот на Ахмети со порака: Стремете се кон Албанија, не сме исто племе со нив


Братот на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, Фекри Ахмети, им се обрати на граѓаните од албанска национална припадност, а притоа изнесе  скандалозни квалификации за Македонците.

Како што пренесе ТВ24 тој во видеото вели: „О Албанци, соберете се денес за единство, бидејќи само неразделни можете да напредувате. Знаење и слобода се стекнуваат само кога ќе постои љубов, инаку тие исчезнуваат и живееме како партии. Не се карајте, не се разделувајте оти непријателите тоа и го очекуваат, но братството чувајте го и нека цркнат во сопствениот инает. Не ги слушајте што велат тие дека сме исто племе со нив, така тие се навикнати да доминираат секогаш, тие никогаш не сакаат да нè гледаат како напредуваме, туку да бидеме сите неуки и постојано да нè водат. Албанецот, велат дека не може да биде цивилизиран, затоа што нема јазик за пишување. Како можеме да бидеме браќа со непријателот, кога тој самиот бесрамно нè става во опасност. Албанецот со сето срце не сака друго, освен Албанија, која му даде име, но му даде и храброст. За храбри сте храбри, ова и самите го знаете, но каква полза има за татковината кога не е таа што била. Стремете се кон Албанија, да се спасите од оваа опасност, да кренете глава, спасете се од нивните канџи, а потоа да бидете среќни. Ако сте родољуби и Албанци, сплотете се како што беше во времето на Скендербег“ – рече братот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.