(Фото) Протести против поскапувањето на струјата


Фото: Б. Грдановски

Намалување на цената за 40 отсто, намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто и тело во Собранието што ќе ги артикулира мислењата на граѓаните, се дел од барањата што вечерва се презентираа на протестот против поскапувањето на струјата за 7,4 отсто, што се одржува во Скопје.

Фото: Б. Грдановски
Фото: Б. Грдановски

Протестот во Скопје почна во 18 часот од Чаир, а групата граѓани „вооружена“ со транспаренти, се упати пред Владата. Нашиот фоторепортер Борис Грдановски ја доловува атмосферата од протестот пред Владата.

Фото: Б. Грдановски

 

Фото: Б. Грдановски
Фото: Б. Грдановски

Слични протести денес се одржаа и во уште пет градови во земјава, на кои граѓаните го искажаа своето незадоволство од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Во Куманово околу 100 граѓани тргнаа од пред Општината до зградата на ЕВН каде што протестираа. Организаторите побараа да се поништи одлуката за зголемување на цената на струјата од 7,4 отсто, да се намали цената за 46 отсто, да се распушти Регулаторната комисија за енергетика, како и намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто и да се укине монополот на ЕВН.

На градскиот плоштад во Кичево денеска се одржа мирен протести против поскапувањето на струјата. На протестот беа вклучени поголемиот дел од месните заедници на општина Кичево и многу други граѓани без политички обележја, кои отворено дадоа подршка на иницијативниот одбор за протести против поскапувањето на струјата.

Во знак на поддршка поголемиот дел од угостителските објекти се приклучија на протестот и ги затворија своите локали од 18 часот до 18: 30.

Организаторите на протестот кој се одвиваше под мотото  „И Кичево протестира против ЕВН” , посочуваат дека тие се организирале како реакција на поскапувањето на струјата и немаат никаква политичка позадин , едноставно барањата се од социо- економски карактер.

Протести се одржаа и во Тетово, Гостивар, Дебар и Струга.

 

(Фото: Б. Грдановски)