Оливер Спасовски и Зоран Заев се сретнаа со Вселенскиот Патријарх во Истанбул


Премиерот Оливер Спасовски и претседателот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев се сретнаа денес со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј. Двајцата се во Истанбул во Цариградската Партијаршија на покана на Патријархот Вартоломеј.

Нема детали за средбата, освен дека се одржала во пријатна атмосфера и дека разговорот бил позитивен. Биле изразени се надежи за успеси на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за обединување на сите сестрински цркви и во духот на толеранцијата и разбирањето, продолжување на дијалогот за изнаоѓање решенија за сите прашања од значење за целиот православен свет и верниците.