Сончево со локална облачност, температурата до 35 степени


Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 28 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе […]

Директорот на Клиниката за неврологија, Иван Барбов, позитивен на корона


Директорот на Клиниката за неврологија, Иван Барбов, доцна вечерва на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19. Тој се тестирал затоа што имал контакт со неколку пациенти за кои подоцна се утврдило дека се позитивни, а самиот нема симптоми. „Денес го добив резултатот за САРС-КоВ-2 кој е позитивен. Вчера се тестирав заради контакт […]

Белгија забрани да се патува во Северна Македонија поради Ковид-19


По повеќе дена преговори, Белгија ја објави својата листа на дозволени дестинации за своите граѓани, Северна Македонија не спаѓа во нив, јави дописничката на МИА од Брисел. Со ова Белгија ја следи и препораката на Советот на ЕУ кој на 30 јуни објави препорака до сите 27 земји членки за отворање на границите. Белгија дури […]

Здравствени работници не сакаат да спроведуваат гласање кај лицата со Ковид-19 во понеделник


Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница соопшти дека до завршувањето на рокот синоќа на полноќ пријави за гласање до Општинските изборни комисии доставиле 742 лица со Ковид-19 и 9.465 болни, немоќни и хронично болни. Најдоцна утре ќе се знае конечниот број на прифатени пријави. ДИК и денеска вршеше избор на членови на посебните изборачки […]

Паѓа бројот на заболени во Чаир


  Неколку дена по ред има висок број оздравени пациенти од Ковид-19, а тоа се покажува и бројот на активни случаи во Чаир, скопската општина која имаше најмногу заболени од корона вирус. Денеска во Чаир има 360 активни случаи, а деновите претходно бројот на активни случаи таму надминуваше и 400. Според податоците на Институтот за […]

Нови 168 со корона вирус, починаа тројца, а 70 оздравеа


Во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на Ковид-19. – Скопје 83 – Куманово 8 – Дебар 2 – Штип 6 – Прилеп 3 – Тетово 26 – Струга 5 – Битола 2 – Охрид 8 – Гостивар 8 – Крива Паланка 1 – Крушево 1 – Кочани […]

Пендаровски во посета на „Криволак“, се модернизира со помош на Американците


Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски денеска ги посети припадниците на Армијата на армискиот полигон „Криволак“ и изврши обиколка на инженерската единица која изведува работи во рамки на проектот за уредување на полигонот. – Одговорните команданти го информираа претседателот Пендаровски дека почнувајќи од пред два месеци, инженерскиот баталјон заедно со канцеларијата за […]

Заев: Обидите за манипулација по телефон се спречуваат со соодветни протоколи


Манипулацијата од пранкерите кои се обидоа да наметнат лажно претставување како активистката Грета Тунберг е спречена со протоколите кои се воспоставени по претходните повици од лица кои манипулираат со гласовите и идентитетот. Ова е одговорот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев на новинарско прашање како го коментира  аудио материјалот од телефонски разговор со Грета Тунберг. […]

Родителите нема да плаќаат додека не почнат со работа прилепските градинки


Родителите чии деца ги користат услугите на прилепските градинки, нема да плаќаат надомест до почетокот со работа на градинките, одлучи денеска Советот на општината. Ослободувањето од плаќање надомест важи за април, мај и јуни, како и за целиот период до почетокот со работа на градинките. Со одлуката на прилепските советници се опфатени родителите на околу […]

За викендот наместа зголемена облачност со дожд и грмежи


Синоптичарите за време на викендот најавуваат локално зголемена облачност со услови за крактротраен дожд и грмежи. Минималните температури за време на викендот ќе бидат од 12 до 21 степен, а максималните од 27 до 36 степени. Во недела и понеделник повторно ќе дува северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.

Мета: Во Северна Македонија постои клима на безбедност и демократија


Во Северна Македонија изборите ќе се одржат само по неколку дена, но постои клима на безбедност и демократија, која преовладува благодарение на зрелоста на политичкото лидерство во целина, но и нормалното функционирање на институциите, оценува албанскиот претседател Илир Мета. Правејќи споредба со состојбата во неговата земја, тој додава дека „за жал кај нас, иако сеуште […]

Во Свети Николе расте бројот на заразени со корона вирусот


Во Свети Николе се зголемува бројот на заразени со коронавирусот, на денешната седница на Општинскиот кризен штаб, градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски ги повика надлежните инспекторати и институции да излезат на терен во фабриките и да видат дали се почитуваат протоколите при превоз на работниците во светиниколските и штипски фабрики. Во Свети Николе […]

Три дена ќе се собира кабаст отпад во општина Аеродром


Почнувајќи од утре, петок, 10 јули, па во наредните три дена, на територијата на Општина Аеродром ќе бидат поставени контејнери за собирање кабаст отпад на три локации: – на бул. „Февруарски поход“во близина на супермаркетот „Рамстор“ – во Ново Лисиче на бул. АСНОМ меѓу бр. 42 и 44 – кај стара Стела во Аеродром. Граѓаните […]

Филипче: Треба да се реши проблемот со контролните и рендген прегледи, мамографија и ЕХО


Треба да се реши проблемот со добивањето здравствена услуга за пациентите со малигни болести во делот на контролните прегледи, рендген прегледи, мамографија, ЕХО, за што разговаравме, за начините на кои може тоа да се надмине во најбрз временски рок, а притоа да не биде дополнително загрозено здравјето на овие пациенти, имајќи предвид дека тоа се […]

Филипче: Дел од клиниките стартуваа со системот Мој термин за лицата со хронични болести и малигно болните


Изнајдено е решение за отпочнување со работа на системот Мој термин на клиниките за лицата со хронични болести и малигно болните, изјави министерот за здравство Венко Филипче по средбата со претставници на Здружението „Борка – За секој нов ден“.  -Дел од хируршките институции веќе почнаа согласно распоредот на работа на анестезиолозите, дел од другите дијагностички […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка


Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во изјава за медиумите, Филипче истакна дека владината уредба се однесува на оние родители чии деца се до 10-годишна возраст, а кои одат на училиште. Тоа значи […]

Вкупно 415 граѓани ќе гласаат од изолација


Регистрацијата на гласачи кои се во изолација заврши синоќа на полноќ и според податоците на ДИК за гласање на предвремените парламентарни избори се пријавиле вкупно 415 лица. По општини, најмногу пријавени има во Тетово-46 гласачи. Во Скопје се пријавени вкупно 130 гласачи, а по општини најмногу има од Гази Баба-31, во Бутел и Аеродром има […]

Боки 13 денес во Обвинителството ќе зборува за кривичните пријави


Бојан Јовановски – Боки 13 денеска во обвинителството повторно ќе дава исказ за кривичните пријави што ги поднесе, откако беше осуден на девет години затвор во случајот „Рекет“. Со поднесување на пријавите Јовановски почна на крајот на минатиот месец. Тогаш неговиот адвокат Саша Дукоски објасни дека пријавите што ги поднесува Боки 13 се поради злоупотреба […]

Филипче: Комплетно е реновирана службата за Итна медицинска помош во Велес


Во Здравствениот дом Велес во изминатите три години се извршени реконструктивни зафати во вредност над 10 милиони денари, со кои значително се унапредени условите за третман на пациентите од овој регион. Извршена е комплетна реконструкција на службата за Итна медицинска помош, во рамки на оваа јавна здравствена установа, во вредност од 3,6 милиони денари, со сопствени […]

ПЦР тест за влез во земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ


Од државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на нашата држава од денеска ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја. Воедно треба да приложат пополнета изјава […]