Филипче: Ако не се почитуваат мерките, следи целосен карантин

Фото: Б. Грданоски

Доколку мерките се почитуваат ќе го избегнеме карантинот, но мора сите да се придржуваме до нив, рече денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој не ја исклучува можноста за целосен или делумен карантин по општините или градовите доколку мерките не се почитуваат.

– Искрено верувам дека овој предложен пакет на рестриктивни мерки кои се практично клучна алка ќе даде резултат. Следниот чекор е целосен карантин, или целозно затварање. Ние сме сега далеку од тоа сценарио, но тоа ќе биде следниот чекор. Ги ицрпуваме можностите, има и можност да се интервенира во јавниот превоз или во скратување на работното време во некои економски компании и угостителски објекти, но тоа се опции. Сакаме да го избегнеме тоа. Добро се димензионирани мерките ако се почитуваат, на тој начин ќе го избегнеме карантинот, рече денеска Филипча.