Се чистат спомениците на НОБ


Во пресрет на 11 Октомври – Денот на народното востание, Град Скопје почна акција за чистење на спомениците на Народноослободителната борба.

– Со оваа акција веќе се исчистени спомениците на жената-борец, на Благоја Деспотовски-Шовељ, Перо Наков, Панче Пешев, како и споменикот на УРС-овите синдикати. Во наредниот период ќе продолжи акцијата за чистење на другите споменици на НОБ, Спомениците на учесниците во НОБ кои се поставени во Скопје заслужуваат посебно внимание и затоа Град Скопје ќе продолжи да се грижи тие редовно да се одржуваат заедно со просторот околу нив, информира Град Скопје.