Починатиот битолчанец една недела бил со симптоми пред да оди во болница


Битолчанецот кој денеска почина од Ковид-19 една недела бил со симптоми – температура, тешко дишење, кашлање, пред да отиде на болница. Во понеделникот на 5 септември се јавил за преглед на кардиолог во Клиничката болница во Битола поради стегање во градите, отежнато дишење, но и покачена температура, но одбил хоспитализација. Следниот ден бил примен како позитивен на вирусот информираат од Министерството за здравство.

„Пациентот на 44 години од Битола на 5 октомври се јавил на кардиологија со симптоми на стегање на градите, диспнеа, покачена температура. Бил испратен на пнеумофтизиолог каде бил упатен на хоспитализација, но одбил по што му е дадена соодветна терапија, предлог за домашна изолација и тестирање преку матичен лекар. На 6 октомври е примен како ковид позитивен на инфективно одделение при Клиничката болница со податок дека веќе една седмица е со симптоми температура, тешко дишење, кашлање. Имал наод со перибронхитични промени. На 8 октомври по акутно влошување на состојбата и нагло паѓање на сатурацијата во крвта, направил кардиопулмонална инсуфициенција и починал вечерта“, стои во информацијата на Министерството за здравство.

Во Битола од почетокот на кризата до денс починаа 11 лица ковид позитивни.

Денеска во Битола се регистрирани 13 новозаболени, со што бројката на ковид позитивни од почетокот на кризатат се искачи на 367, во моментов активно болни се 95 случаи. (А.Б.)