Две одделенија од „Лазо Трповски“ во изолација, две деца биле позитивни на Ковид-19

Фото: Б. Грданоски

Две одделенија од ОУ „Лазо Трповски” од општина Карпош се ставени во изолација откако вчера било потврдено дека две деца од прво одделение се позитивни на ковид-19. Во изолација се и три наставнички кои предавале во одделенијата.

Ова за „Слободен печат“ го изјави мајка на првооделенец која од вчера е во самоизолација.

– Вчера околу 11 часот ни беше кажано дека во одделението на син ми има дете позитивно на ковид-19. Сега сите сме во самоизолација заедно со едната наставничка, додека другата бидејќи немала директен контакт со детето, не е во изолација, вели мајката, која не крие дека се плаши за здравјето на сопственото дете и апелира да се размисли за можноста сите деца да следат он лајн настава.