Избегнувајте го Центарот: Целосно затворена крстосницата кај Собрание во наредните три дена

Фото: Б. Грданоски

Градот Скопје известува дека почнувајќи од денес (10.10.2020 година, сабота) во 6 часот, па се до понеделник (12.10.2020 година) во попладневните часови, целосно ќе биде затворена за сообраќај крстосницата кај Собранието на Република Северна Македонија, односно крстосницата меѓу улиците 11 Октомври и Даме Груев, поради изведување градежни работи.

За сообраќај ќе бидат слободни само десното вртење од улицата Даме Груев кон улицата 11 Октомври и десното вртење од улицата Филип Втори Македонски кон улицата Димитрие Чуповски.

Автобускиот превоз ќе се движи по улиците Даме Груев и Филип Втори Македонски.

Важна информација од ЈСП за сите граѓани

Од ЈСП информираат дека во понеделник автобусите ќе сообраќаат по неделен, зимски возен ред, бидејќи како што сите знаеме недела 11 октомври е неработен ден, па според македонксите законски регулативи истиот се пренесува за понеделник

-Ве информираме дека во понеделник, (12.10.2020 год) поради државниот празник 11 Октомври-Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен, зимен возен ред.

Фото: Б. Грданоски

 

Дежурни ќе бидат три билетарници, билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче кои ќе работат од 7 до 19.30 часот, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров, информираат од ЈСП.