Филипче: Докторите преморени од борбата со Kовид-19 ги напуштаат клиниките


 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска објасни дека заради премореност од борбата сп Ковид-19, заминува дел од медицинскиот кадер од државните клиники.

– Изморени од борбата со Ковид-19, доктори си одат или најавуваат заминување од државната клиника – рече Филипче.

Отказ најавила и шефицата на Одделот за инфективни болести во болницата „8 Септември“, Патриција Каламарас.

– Јас разговарав со неа, но таа е решена да замине. Таму има други двајца инфектолози, размислуваме и веќе разговаравме за начинот на кој ќе се зајакне тоа одделение. Засега заедно со интернистите, имајќи го во предвид овој број на пациенти кој што е хоспитализиран таму, и нашиот план да не се зголемува тој број, овие доктори се сосема доволни. Но, спремни сме да интервенираме со системот на ротација доколку е потребно било кое одделение да се поддржи – рече Филипче.

Тој рече дека и сестрите кои минатиот викенд најавија заминување, потврдиле дека ќе одат во приватни клиники.

Министерот за здравство рече дека на нивно место веќе дошле нивни колеги.