Пратеникот на ДУИ и газда на „Пуцко петрол„ хоспитализиран на Инфективната клиника


Пратеникот од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски од синоќа е хоспитализиран на Инфективна клиника. Тој  во болница е примен со покачена температура и симптоми на Ковид-19, објави „Zyrtare.net“ од извори блиски до партијата.

Пред да стане пратеник, Јахоски претходно во пет мандати беше градоначалник на општина Пласница, а во јавноста е познат како сопственик на компанијата „Пуцко петрол“.