Посебни мерки за безбедност на Мечкин Камен: Да докажеме дека сме патриоти


Општина Крушево во соработка со полицијата и со владата ќе воведат вонредни мерки за време на прославата на Илинден на Мечкин Камен за да не се повторат ланските инциденти кога претставници на власта и на дипломатскиот кор во земјава беа нападнати од дел од присутните. „Празникот Илинден е празник на сите граѓани на Република Северна …

Посебни мерки за безбедност на Мечкин Камен: Да докажеме дека сме патриоти Read More »

Филипче: Се укинуваат т.н. лихварски договори на специјализантите


Значајни измени со кои се менуваат условите во кои работат докторите и се отстрануваат сите пречки на докторската фела за кои се алармираше со години, се содржани во Законот за здравствена заштита, што вчера беше усвоен на собраниска седница. Станува збор за измени кои докторите ги бараа со години. Ова денеска на прес-конференција во Владата …

Филипче: Се укинуваат т.н. лихварски договори на специјализантите Read More »

Заев: Рашковски двапати ми понуди оставка


Апсолутно не видов никаква причина да прифатам оставка од Рашковски, кој двапати дојде и ми рече „не ја разбирам политиката, јас доаѓам од Универзитет, не сум бил политички на раководни функции, ако е политички исправно јас сум подготвен да заминам“, одоговори денеска премиерот Зоран Заев, на 107-та седница на Собранието, на прашање од пратеничката од …

Заев: Рашковски двапати ми понуди оставка Read More »

Филипче: Дисперзијата на зависниците значи решавање на проблемите со нивното лекување


Дисперзијата на бројот на зависници од Центарот во Кисела Вода во повеќе пунктови во градот каде ќе ја земаат терапијата, воопшто не значи преселување на тој проблем на повеќе места, туку целосно решавање на сите проблеми кои се однесуваат на ваквиот тип терапија и начинот на лекување на овие пациенти. Ова денеска на прес-конференција во …

Филипче: Дисперзијата на зависниците значи решавање на проблемите со нивното лекување Read More »

Спасовски: Ветинг наскоро ќе има во МВР, а треба да се спроведе и во Обвинителството и судовите


Поранешен вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање по потекло од Струга, а сега пензионер, заедно со неговиот син беа фатени со трговија на 50 килограми дрога во Охрид. Двајца вработени во МВР во времето до 2017 година, се фатени како употребуваат дрога на улиците во Скопје, утврдени и вештачени, информираше денеска министерот за внатрешни …

Спасовски: Ветинг наскоро ќе има во МВР, а треба да се спроведе и во Обвинителството и судовите Read More »

Заев: Опозицијата може и Никола Груевски да го предложи за обвинител


Ако и дадеме можност на опозицијата да предлага јавен обвинител верувам дека ќе го предложат и Никола Груевски, бидејќи се што се прави во моментов е да се блокира правдата, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашањето поставено од  пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ, дали јавен обвинител ќе се избира по предлог на опозицијата. -Со …

Заев: Опозицијата може и Никола Груевски да го предложи за обвинител Read More »

Истражување: Дневниот студентски оброк 61 денар, 33 отсто имале искуство со корупција во домовите


Просечната оценка што студентите сместени во трите дома во Скопје, кои се под капата на Државниот студентски дом „Скопје“ („Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“), ја дале за условите и стандардот на живот во нив е 2,95 на скалата од 1 до 5, покажува истражувањето на Младинскиот образовен форум (МОФ) кое опфатило 300 станари …

Истражување: Дневниот студентски оброк 61 денар, 33 отсто имале искуство со корупција во домовите Read More »

Заев: И јас скенирам фискални сметки


Премиерот Зоран Заев денеска рече дека и тој скенирал фискални сметки за поврат на средства за ДДВ. „Ја симнав апликацијата, ги советувам и пратениците и сите граѓани да го прават истото“, напомена премиерот од собраниската говорница. Досега, како што потврди, над 135.000 граѓани ја симнале апликацијата, а државата ќе треба да им врати над 700.000 …

Заев: И јас скенирам фискални сметки Read More »

Генералка на Скопје


  Расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење гранки и косење трева, пополнување ударни дупки и засилени инспекциски контроли – овие активности ќе ги опфати големата акција за чистење и уредување на јавните градски површини која ќе се одвива утре и задутре, а ќе ја реализираат Град Скопје, …

Генералка на Скопје Read More »

Заев до Милошоски: Лажете и ја злоупотребувате собраниската говорница


Премиерот Зоран Заев денеска од собраниската говорница порача дека нема да дозволи да се креираат и кажуваат лаги за да се исполнат одредени стратегии. Тој му порача на пратеникот Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ дека лаже, откако овој го обвини оти неговиот надворешен советник Љупчо Зафировски е избран за советник, бидејќи им помагал на фирмите на …

Заев до Милошоски: Лажете и ја злоупотребувате собраниската говорница Read More »

ДУИ бара „Бадентер“ за избор на шефот на новото обвинителство


Пратеничката група на ДУИ бара шефот на новото обвинителство за организиран криминал и висока  корупција да се избира со двојно или Бадентерово мнозинство, иако со новиот предлог-закон што го подготви владата е предвидено оваа постапка да оди преку Советот на обвинители, а не преку парламентот. Во однос на резервата што беше искажана за предлогот на …

ДУИ бара „Бадентер“ за избор на шефот на новото обвинителство Read More »

Османи: Мора да има обвинителство за висока корупција и да продолжат предметите на СЈО


Европската комисија на 17 мај кажа дека Република Северна Македонија ги има исполнето критериумите и му препорачува на Советот да одобри датум за преговори, истакна денеска вицепремиерот Бујар Османи на прес-конференцијата со директорот за државни патишта Зоран Китанов, одговарајќи на новинарски прашање дали нашата земја ги исполнува критериумите за почеток на преговори со ЕУ. – …

Османи: Мора да има обвинителство за висока корупција и да продолжат предметите на СЈО Read More »

Општината ќе постапи по мислењето на Антикорупциска за распишаните тендери во кои има судир на интереси


Општина Охрид ќе постапи по насоките на Антикорупциската комисија изнесени во мислењето од 16 јули, а во врска со судир на интереси на носители на јавни функции при учество на тендери распишани од локалната самоуправа, најави општината. Мислењето на Антикорупциска доаѓа откако на тендерот за уривање на дивоградби распишан од Општина Охрид се пријави фирма …

Општината ќе постапи по мислењето на Антикорупциска за распишаните тендери во кои има судир на интереси Read More »

Ќе го осрамотиме ли и овој Илинден?


Една недела пред Илинден, зовриената политичка атмосфера дополнително се вжештува пред традиционалниот собир на Мечкин Камен во Крушево, каде што годинава првпат во својство на премиер ќе се обрати Зоран Заев. На социјалните мрежи веќе се споделува повик да им се покаже средниот прст на „северџаните“, што е погрдниот назив за Владата и за сите …

Ќе го осрамотиме ли и овој Илинден? Read More »

Костас А. Караманлис: Договорот од Преспа не може да се промени или да се фрли во канта за отпадоци


Ние велиме дека ќе направиме сѐ за да ги ублажиме, трагичните и многу сериозни последици од овој договор. Но, овој договор не може да се скине, овој договор не може да се фрли во канта за отпадоци и за ова одговорни се конкретни луѓе кои го гласаа овој договор, изјави министерот за инфраструктура и транспорт …

Костас А. Караманлис: Договорот од Преспа не може да се промени или да се фрли во канта за отпадоци Read More »

Мицкоски пред Хан се пожали на скандалите што го уриваат кредибилитетот на државата


Актуелната политичка состојба, закочените европски интеграции и политичкиот дијалог во земјава биле теми на разговор на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, соопшти партиската прес-служба. Мицкоски изразил загриженост поради застојот во европските интеграции и недобивањето на датум за …

Мицкоски пред Хан се пожали на скандалите што го уриваат кредибилитетот на државата Read More »

Седум општини потпишаа договори за финансирање капитални проекти


Заменик-министерот за финансии Ширет Елези, директорот на Канцеларијата на Светска банка во државата Марко Мантованели и градоначалниците на седум општини денеска потпишаа договори за финансирање капитални проекти. Договорите се потпишани со општините Чучер Сандево, Врaпчиште, Боговиње, Делчево, Кичево, Шуто Оризари и Македонски Брод, преку Проектот за подобрување на општински услуги што го спроведува Министерството за …

Седум општини потпишаа договори за финансирање капитални проекти Read More »

(ВИДЕО) Насилство врз жена во Скопје


Жена била нападната од таксист на крстосницата кај Скопски саем. Видеото беше споделено на Твитер и на него се гледа како маж удира жена толку силно што таа паѓа на земја. Засега, нема информации дали полициските служби го документирале случајот. Кај живеете еј луѓе? 2693 vs патничка. pic.twitter.com/qaBvdi3rCh — Ја Ничарче (@JaNicharce) July 25, 2019

Во МКЦ „Ослободување на Скопје“ за одбележување 56 години од земјотрсот


Секоја година 26-ти јули не потсетува на солидарноста на скопјани и на солидарноста на светот од 1963 година кога катастрофалниот земјотрес со својата уривачка моќ однесе многу човечки животи и го претвори Скопје во урнатина. Овој датум е врежан во колективната меморија за Скопје како еден од најтешките моменти во неговата историја и постоење. Одбележувањето …

Во МКЦ „Ослободување на Скопје“ за одбележување 56 години од земјотрсот Read More »

Клеветата и криминалот не се решаваат со „извини“


Бизнисменот Зоран Азманов и ексгенералниот секретар на владејачката СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски, кого неодамна го зафати внатрепартиската „метла“, се „закачија“ околу аферата „Рекет“, која и натаму го тресе општеството, но бргу се „откачија“ излегувајќи од јавниот дуел засега без гребнатинки. Извинувањето железни врати отвора – така е тоа во општество со хронична слабост на …

Клеветата и криминалот не се решаваат со „извини“ Read More »